Претпладне сончево, а попладне ќе има пороен дожд и грмежи

0
Споделивања

И во наредните денови, според најавата од УХМР, ќе биде период на променливо облачно и топло време кое во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Сончево со умерена облачност ќе биде времето денеска во претпладневните часови, а попладне се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за град.

Утринската температура ќе биде од 6 до 13, а дневната ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени Целзиусови.

И во Скопје се очекува слично време – сончево со умерена облачност претпладне, а пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 27 степени Целзиусови.

И во наредните денови, според најавата од УХМР, ќе биде период на променливо облачно и топло време кое во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекува и невреме со силен ветер и појава на град.

0
Споделивања
Exit mobile version