Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Шеталиште 06/05/2026 16:35
Screenshot 2026-05-06 at 18.31.40

Десет претстави во официјалната конкуренција и уште четири во придружната програма, тркалезни маси, автор во фокусот, работилници, театар за деца, изложби ќе понуди јубилејниот 60-ти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп под мотото „Храбриот нов театар“, беше соопштено на денешната  прес-конференција за програмата на Фестивалот.

Претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, на Драмски театар од Скопје ќе го отвори јубилејниот фестивал. На отворањето ќе бидат доделени и наградите за животно дело. Годинашни добитници се театарските уметници: Атила Клинче, Сашо Миленковски, Љубомир Чадиковски и Веби Керими.

Во официјалната програма на Фестивалот од кои жирито ќе ја одбере најдобрата се и претставите: „Амадеус“ од Петер Шефер во режија на Андреј Цветановски, продукција на Турски театар – Скопје, „Едмонд“ од Дејвид Мамет, во режија на Оливер Мицевски, продукција на Народен театар – Битола, „Ивона принцезата на Бургунд“, од Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска, продукција на Театар Комедија – Скопје, „Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Народен театар – Куманово, „Носорози“ од Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, продукција на Албански театар – Скопје, „Случајната смрт на еден анархист“ од Дарио Фо, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар – Штип, „Страв и надеж“ по мотивите на Франц Ксавер Крец, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, „Црнила“ од Коле Чашуле во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп и претставата „Челинџ“, автор и режија Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма,како независни продукции, за фестивалот селекторот и уметнички директор Ана Стојаноска ги избра претставите: Вилицата на Ибен Бајерс“ од Филип Грујиќ во режија на Борис Василевски, продукција на „Штрих“ – Скопје, „Драга Јелена Сергеевна“ од Људмила Разумовскаја, во режија на Шенај Мандак, копродукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје и Македонскиот народен театар – Скопје, „Невиност“ од Деа Лоер, дипломска претстава на класата по актерска игра, под менторство на проф. м-р Зоја Бузалковска и вонр. проф. м-р Александар Степанулески и претставата „Сина сенка“ од Брајан Рејнолдс, во режија на Тамара Стојаноска, театар „Златен елец“.

Уметничкиот директор Ана Стојаноска вели дека во македонскиот театар недостасуваат повеќе претстави на современи македонски автори.

-Прилеп и прилепските театарски уметници, и сите уметници во Македонија заслужуваат овој голем јубилеј да биде прославен на достоинствен начин. За мене современиот театар денес треба да има став и коментар на состојбата во која се наоѓаме, треба јасно и гласно да ги детектира аномалиите на општеството и да покажува сериозна професионалност. Од она што го видов на независните театарски сцени има одлична продукција и ретки примери во институционалната продукција. Затоа концептот на ова издание го одредив на – кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, рече Стојаноска.

Со одлука на собранието на Фестивалот, а по иницијативата на семејството на Кирил Ристоски, наградата за најдобра машка улога од годинава ќе го носи името на актерот, професорот и поранешен директор на Фестивалот, Кирил Ристоски.

Фестивалот продолжува со тематиката „Прилеп во фокус“, а овој пат во фокус се тројца прилепски театарски уметници: Благоја Ивчески, Лидија и Трајче Иваноски.

Фестивалот ќе го отвори изложба посветена на 60-годишниот јубилеј, а отворањето ќе има едно патување- од зградата на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ до Центарот за култура 2Марко Цепенков“ преку раскажување за историјатот на Фестивалот.

Годинашен автор во Фокусот е Дејан Дуковски. Во негова чест, на затворањето на фестивалот годстува претставата „Црно злато“ од Бе4лградско драмско позориште со праизведбата на драмата на Дејан Дуковски.

Годинашни членови на жирито се: театрологт Дарко Лукиќ, театарската режисерка Аида Буквиќ и Снежана Конески-Руси, актерка, режисерка.

фото извор: МИА и МТФ „Војдан Чернодрински“

 

Continue Reading

Претходно: Четири тима влегуваат со желба за победа и пласман во финалето на Купот на Македонија
Следно: Студија: Човечкиот мозок ги обработува емотиконите слично како реалните лица

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани