Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Настани
  • Филм

Претставен лауреатот Капланоглу, жирито во компетиција за ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 и тимот на „Мајка“

Шеталиште 21/09/2025 12:23
Screenshot 2025-09-21 at 16.50.47

Најдоброто на „Браќа Манаки“ е што можеме да се сретнеме со други колеги и да разговараме за нашиот занает: Претставен лауреатот Капланоглу, жирито во компетиција за ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 и тимот на „Мајка“

-Ви благодарам на сите што сте тука затоа што сметам дека турската кинематографија започнува со Браќата Манаки, рече денеска на прес конференцијата Семи Капланоглу, лауреатот на специјалната Камера 300 за особен придонес во филмската уметност.

-На почетокот на мојата кариера работев со двајца млади кинематографери затоа што нивната страст и нивната енергија им дозволува да работат многу напорно и со таа свежина успеваат да го доловат значењето на нештата од зад камерата. А целата моја кариера е посветена на откривањето на значењето на нештата. Но, морам да истакнам дека сум работел и со многу искусни кинематографери, така што ја компинирам работата со искусни волци, но и со млади кинематографери. Исто така многу од нив што на почетокот биле асистенти подоцна станале мои кинематографери. Уште од тогаш се обидувам да го одговорам истото прашање: Која е причината и која е реалноста за таа светлина? И се уште не сум сигурен дека сите наши сетила можат целосно да ја доволат и да ја впијат реалноста. Затоа верувам дека филмот и уметноста се оние кои ја доловуваат сивата зона меѓу светлината и ултимативната реалност, рече Капланоглу.

Жири комисијата на филмовите од официјалната селекција во компетиција за ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 го сочинуваат: Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на веб-страницата „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ е босанска сценаристка, драматургинка и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

Тие посочија дека се среќни што се на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола , бидејќи дел од нив слушале за фестивалот, доаѓаат прв пат, но чуле за него како за мит, за фестивал што постои некаде скриен, тешко е да се дојде до него, но сите што дошле на „Браќа Манаки“ се враќале со сјај во очите и зборувале за многу возбудено и со голем ентузијазам за фестивалот.

-Фестивалот е мошне инспиративен, љубопитни сме да ги погледнеме сте филмови од високо квалитетната програма, а најдобар дел е тоа што ова е фестивал посветен на кинематограферите каде можеме да се сретнеме со други колеги и да разговараме за нашиот занает, истакнаа членовите на жирито.

Тимот на филмот „Мајка“ кој синоќа го отвори фестивалот денеска се претстави на прес конференција.

-Немаше некоја првична сугестија од моја страна за Теона затоа што долго време соработуваме, сме снимиле веќе 5 филма заедно и многу добро се познаваме. Уште кога го снимвме документарецот со Теона и некако постоеше најава дека ќе се сними ваков филм. Таа е режисерка која точно знае што сака од филмот и одлично соработуваме. Но, морам да потенцирам дека на секое следно снимање одиме се подалеку и се подлабоко, рече кинематограферката е Виржини Сен-Мартан.

Режисерката Теона Митевска образложи како во текот на соработката со Сен-Мартан постепено ги кршел правилата при снимањето. Посочи дека почнале со идејата за сценарио, па ценариото на кое потоа се врешеле доработки, но штом се почне со снимање, строго се држеле до сценариото.

Лабина Митевска која е продуцент на филмот рече дека е сон да се работи со Теона, Виржини и Вук бидејќи тие се огромна креативна сила.

-Кај нив се е подготвено со месеци и со години однапред за секој снимачки ден, се е прецизно испланирано и подготвено и крајниот резултат е секогаш едно прекрасно патување и јас сум пресреќна што работам со нив, рече Митевска.

Вук Митевски го сподели искуството од снимањето во Калкута во Индија.

-Прво баравме локации во Македонија и во Белгија и тоа беше огромен предизвик. Но, во Индија беше огромен предизвикот бидејќи таму имавме тим од 200 луѓе. Тоа беше неверојанто искуство, снимавме на цветниот пазар на локации каде има огромно движење на луѓе. Но, беше прексрасно, ја обожувам Индија и ова е нешто што никогаш нема да го заборавам, рече Митевски.

Continue Reading

Претходно: Мастерклас на Семи Капланоглу: Филмот не е снимен со камерата, туку со умот
Следно: 68-годишен маж во хотел во Битола извршил полов напад на 12-годишно девојче

Поврзани вести

IMG_5824
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Најавена програмата на првиот фестивал „Битолски чалгиски денови”

Шеталиште 12/08/2026 19:10
tkajaci-na-film
  • Култура
  • Кино
  • Филм

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

Шеталиште 12/08/2026 07:43
default
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Караванот „Силно светнал ден“ создаде незаборавна атмосфера пред Офицерскиот дом во Битола

Шеталиште 12/08/2026 07:34
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани