Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Претставници од Министерството за правда ќе се сретнат со правни експерти во врска со ставањето вон сила на Упатството за изборите од страна на ДИК

Шеталиште 12/08/2025 13:05
Hristijan-Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека претставници од Министерството за правда ќе имаат средба со некои од правните експерти кои тврдат дека не може со упатство на ДИК да се регулира учество на независни кандидати на избори, како и оти потоа ќе се преземат соодветни чекори, кои, како што, истакна ќе бидат во рамки на законите.

-Министерството за правда ќе има состанок со дел од тие експерти чекаме да видиме што мислат и да повлечеме таков потег, инаку ќе се постапи секако според закон. Нема да се постапува надвор од закон, рече македонскиот премиер во одговор на новинарско прашање дали ќе се направи обид за донесување законско решение, при посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија, по тврдењата на одредени прави екеперти дека е може ДИК со упатство да регулира учество на независните кандидати на локалните избори.

Вчера премиерот Мицкоски истакна дека ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 година за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик не го нарушува изборниот процес за локалните избори. ДИК, истакна, има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече Мицкоски, зависи од самата Комисија.

Тој потсети дека новиот изборен законик е подготвен и оти неколку месеци е во собраниска процедура, блокиран од една опозициска партија поради барање членот во ДИК кој е од нивните редови да става вето на одлуката на комисијата и на Општинските избирачки одбори, нешто што, како што истакна, никаде го нема во светот.

-Со други зборови не сакаат да се донесе овој изборен законик. Но, доколку постои политичка волја, ние како владина коалиција сме апсолутно подготвени утре да се стави оваа точка на дневен ред и да се заврши со тоа, изјави вчера Мицкоски.

ДИК на седницата во саботата усвои заклучок вон сила да се става Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик.

Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи.

 

Continue Reading

Претходно: Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа
Следно: Битиќи: Работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Поврзани вести

57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
20260422123521_big_730x400_12
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

Шеталиште 22/04/2026 10:43
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето 57_alikj-adi_sileks-1536x1112 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

22/04/2026 13:02
Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории dsc_0110-1536x1078 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

22/04/2026 12:58
Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен 1000613319 3
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

22/04/2026 11:08
Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат 20260422123521_big_730x400_12 4
  • Македонија

Повик за средношколци да пишуваат текстови за Википедија на македонски јазик и да се натпреваруваат

22/04/2026 10:43
Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ hipp 5
  • Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

22/04/2026 10:37

Можеби сте пропуштиле

IMG_2865
  • Култура
  • Настани

„Низ детските очи“, книга за деца од новинарката Маја Богоевска

Шеталиште 22/04/2026 13:08
57_alikj-adi_sileks-1536x1112
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп МК: ГФК Охрид Лихнидос и Силекс во реваншот ќе решаваат за пласман во финалето

Димитар Петковски 22/04/2026 13:02
dsc_0110-1536x1078
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар и АП Брера полуфиналисти во младинските категории

Димитар Петковски 22/04/2026 12:58
1000613319
  • Прилеп инфо

Во центарот на Прилеп нова „депонија“ – се очекува надлежните да излезат на терен

Шеталиште 22/04/2026 11:08

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани