НАЈНОВО

Прилеп инфо

Приведен битолчанец за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци

Триесет и седумгодишен битолчанец е приведен вчера за издржување казна затвор од 7 години и 11 месеци.

„Вчера во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола. За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“ “, информираат од МВР.

Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.

Поврзани новости