Приведен прилепчанец што на Коледе пукал со пиштол

0
Споделивања

Вчера, во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.

По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

0
Споделивања
Exit mobile version