Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Прилепските обичаи околу Божик имаат свои обележја, а во основа е надежта

Шеталиште 06/01/2026 12:40
Screenshot 2026-01-06 at 13.36.51

Обичаите и традициите за Коледе, Бадник и Божик во Прилеп се одржуваат и се длабоко вкоренети во верувањата, убедувањата, а ја имаат симболиката на исчекувањето на големиот празник- Христовото раѓање Божик како голема надеж за семејствата.

Децата изутринава на Бадник коледареа, тропнаа на портите и вратите на прилепчани, ја испеаја коледарската песна и беа дарувани со костени, ореви, овошје и парички. Коледарската песна во Прилепско е различна од онаа што се пее во Скопско.

– Коледарската песна е поинаква од она што се пее во Скопско. Стиховите се: Коледица, варварица и по неа Василица. Еднаш ми е во година, како цвеќе во градина. Коледе, коледе, дај ми бабо костенче. Како повозрасни уште од мали им ја пееме песната. Секое дете ја знае, како што сме ја научувале и ние како мали од нашите баби. Мило ми е што се одржува традицијата, оти таа е дел од нашето опстојување, од она македонското и обичајното што си го имаме со векови, објаснува Лилјана Ацеска од прилепското здружение „Преродба“ кое ги негува и ги пренесува обичаите на новите поколенија.

Се приготвува бадниковата посна вечера на која довечер треба да се собере семејството. Во Прилеп има и посебни обичаи, меѓу кои, се кани Бог на вечера, а трпезата не се раскрева до Божикното утро. Освен тоа, не се бара среќната паричка. Тоа се прави на Василица.

– Основата и во Прилеп и во другите места е бадниковата трпеза да е посна. Се поставува од сѐ по нешто: гравче, посни сармички, мазник со гравили приготвен со ориз, посни пити, тиква, костени, ореви, јаболка, а во поново време и урми, смокви, баклава. Најважно е семејството да биде заедно. Се вели: Пред Божик, зад Божик, кај и да си, дома да си. Паметам, ние како деца, а бевме многу, мајка ми во едно сито, или тепсија, ќе ставеше јадење и пред да вечераме, ќе излезе надвор да го покани Господ, да дојде на вечерата, да биде присутен. Секогаш да е во домот, да ги чува луѓето од лошо, куќата да има бериќет цела година. И, по вечерата, трпезата не се раскрева до Божикното утро. Само се покрива. Се, верува, може ќе дојде Господ, ќе посака да касне нешто, објаснува Ленче Спиркоска од прилепското здружение „Преродба“.

Етнологот Александар Цветкоски вели дека обичаите се многу жилави и опстојуваат низ вековите.

– Со мали различности во Регионите, основата и суштината на обичаите се исти. Без обичаите лушето не може да ги покажат ниту својата Вера, ниту своите убедувања. Тоа е стандардизирано   однесување. Обичаите се жилави и не се менуваат толку лесно. Точно е дека примаат некои нови, надворешни елементи, нешто се губи, се заборава, но суштина останува иста. Во основа е надежта. Да се остави зад себе старото, да се прочистиме, да бидеме подобри луѓе. И повторното раѓање е приказната во основата  на светот, објаснува етнологот Александар Цветкоски од прилепскиот Завод и музеј.

фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Митрополит г. Петар: Православната Црква не ја отфрла љубовта, ниту дијалогот како човечка средба, но одбива секаков дијалог што ја жртвува вистината заради надворешен мир
Следно: Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Поврзани вести

mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“ mkd-1024x683 1
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

13/09/2026 12:39
Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово bashkimi-2-1536x1111 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

12/09/2026 22:14
Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне large (53) 3
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

12/09/2026 16:31
Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер bgmk010-1024x68387678 4
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тажна вест утрово го потресе ФК Тетекс, во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишен фудбалер

12/09/2026 09:36
Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново slika-turnovo-md11111 5
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија до 15 години со пораз го отвори настапот на УЕФА развојниот турнир што се одржува во Струмица и Турново

12/09/2026 09:29

Можеби сте пропуштиле

mkd-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

ЕвроВолеј 2026: Македонија против шампионот Полска – „Давид против Голијат“

Димитар Петковски 13/09/2026 12:39
bashkimi-2-1536x1111
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Вардар не успеа да го искористи киксот на Шкендија, ремизирааше со Башкими во Куманово

Димитар Петковски 12/09/2026 22:14
Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (12.09.2026)

Шеталиште 12/09/2026 17:30
large (53)
  • Прилеп инфо

Саем на руралната жена во Прилеп: Руралната жена мора стопански да зајакне

Шеталиште 12/09/2026 16:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани