Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Прилепски ученици втори на Европскиот квиз на пари во Брисел, меѓу 70.000 натпреварувачи

Шеталиште 02/07/2025 07:04
00000001-59-660x500

Учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од Основното општинско училиште „Кире Гавриловски-Јане“ од Прилеп, под водство на професорката Соња Јорданоска, триумфираа со освојување на второто место на Европскиот квиз на пари за 2025 година, кој се одржа на 23 мај во Брисел.

На ова исклучително меѓународно натпреварување за млади во сферата на финансиската писменост, во конкуренција меѓу државите на Европа, првото место го зазеде ученички тим од Италија, додека третото место му припадна на тим од Шведска.

Овој проект за финансиска едукација на ученици на возраст од 13 до 15 години е инициран од Европската банкарска федерација и се реализира од 2017 година. Македонската банкарска асоцијација (МБА) е организатор на националниот натпревар и го поддржува учеството на победничкиот тим на Европскиот квиз на пари.

Признание за успехот на учениците и нивниот ментор денес на настан во МБА им оддадоа министерката за образование и наука Весна Јаневска и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Министерката Јаневска нагласи дека темите од финансиската писменост во нашиот образовен систем се изучуваат интегрирано, во повеќе наставни предмети. „Децата учат како да управуваат со парите, како да креираат буџет, како да пресметуваат ризици и освојувањето второ место во Брисел е доказ дека имаме успешно спроведување на програмите. Македонија и минатата и оваа година покажува дека изобилува со таленти односно со ученици кои освојуваат први до трети награди во големо количество, а МОН е тука да ги поддржи. Во новата законска регулатива предвидуваме поддршка и за учениците, но и за организаторите, кога има потреба, на меѓународни олимпијади или друг тип натпревари“, рече Јаневска.

Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, изјави дека нашите ученици го заслужиле второто место во конкуренција на приближно 70 000 ученици од цела Европа, откако триумфираа и на Националниот квиз на пари. „Во седум години, колку што Македонската банкарска асоцијација го организира овој настан, испраќаме македонски тимови на натпреварувањето во Брисел, четири пати сме биле меѓу првите три европски тимови. Тоа за нас навистина претставува големо задоволство и голема радост што децата се заинтересирани. Тоа придонесува за нивна финансиска едукација и воопшто за населението“, изјави Стевкова Штериева.

Continue Reading

Претходно: Домашна сладолед-торта со малини – Идеална за летните денови
Следно: Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон

Поврзани вести

brza-pomos
  • Прилеп инфо

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во Кривогаштани

Шеталиште 03/09/2026 10:56
large (47)
  • Прилеп инфо

Во Прилепско 154 земјоделци поднесоа барања за обештетување, најмногу на пиперката ајварка и тутунот

Шеталиште 03/09/2026 10:53
20260902150157_big_730x400_27
  • Прилеп инфо

Градинките во Прилеп полни, недостасува персонал

Шеталиште 02/09/2026 15:36
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија 1 polaganje cveke 1
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

08/09/2026 10:32
Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава Vlen 2
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

08/09/2026 08:36
Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава Venko Filipce 3
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

08/09/2026 08:35
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации cestitka-vmro 4
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

08/09/2026 08:34
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава Gordana-Siljanovska-Davkova 5
  • Вести
  • Македонија

Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава

08/09/2026 08:31

Можеби сте пропуштиле

1 polaganje cveke
  • Вести
  • Битола инфо

Во Битола одбележани 35 години од независноста на Македонија

Шеталиште 08/09/2026 10:32
Vlen
  • Вести
  • Македонија

Вреди: 35 години независност, заедно градиме европска и еднаква држава

Шеталиште 08/09/2026 08:36
Venko Filipce
  • Вести
  • Македонија

Филипче за 8 Септември: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава

Шеталиште 08/09/2026 08:35
cestitka-vmro
  • Вести
  • Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации

Шеталиште 08/09/2026 08:34

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани