Возач од Прилеп доби кривична пријава откако повредил двајца полицајци откако не само што не застанал кога го запреле, туку и ги удрил со автомобилот, соопшти полицијата.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“, пишува во полицискиот билтен
Инцидентот се случи на 12 јули годинава, која на крстосницата на улиците „Прилепски бранители“ и „Гоце Делчев“ во Прилеп, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со автомобилот ги удрил и ги повредил полицајците.