Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Прилеп и Куманово за една деценија изгубиле над 800 основци, се формираат паралелки со тројца ученици

admin 04/06/2024 00:00
20240604-prilep-i-kumanovo-za-edna-decenija-izgubile-nad-800-osnovci-se-formiraat-paralelki-so-trojca-uchenici-1

За 10 години едни од најголемите општини во Македонија – Куманово и Прилеп, едната од источниот, а другата од западниот дел на државата, бележат намалување за над 800 ученици во основните училишта.

Според податоците добиени од Општина Куманово, која е втора по големина во државата по Скопје, во вкупно 16 основни училишта настава посетуваат 9.873 ученици, што е за 852 помалку од пред десет години кога имало 10.725 основци. Првачиња во оваа учебна година во Куманово има 1.089, а во учебната 2013/2014 биле 1.248, или за 159 помалку.

– Бројот на вкупно запишани ученици во 2023/2024 во споредба со 2013/2014 учебна година е намален за 7,94 проценти, додека бројот на првачиња за 12,74 отсто – соопштија од Општина Куманово.

Ситуацијата е слична во Прилеп, каде што според последниот попис во 2021 година е забележан пад на резидентното население од над 7.743 жители во споредба со оној од 2002 година. Ваквиот тренд го следи и бројот на ученици. За една деценија основците се намалени за 841 ученик, а првачињата за 64.

– Во основните училишта во Прилеп во учебната 2023/2024 година има 6.264 ученици од кои 754 се првачиња. Бројот на ученици во основните училишта за учебната 2013/2014 година бил 7.105 ученици со 818 првачиња – соопштија од Општина Прилеп.

Со ова уште еднаш се потврди ситуацијата за која Факултети.мк пишуваше неодамна – дека во поголемиот број општини се бележи драстично намалување на основците. За една деценија Битола, која според последниот попис е трета општина по број на население во државата, изгубила повеќе од сто првачиња. Општинската статистика покажува дека училиштата во градот бројат 7.477 основци, што е за 112 помалку од пред десет години кога биле 7.589. Речиси и да нема општина во државата каде што претежно живее македонско население, а да не се празнат училиштата. Во Струмица има за 126 првачиња помалку од лани, а во Охрид 94.

Како во другите општини, така и во Куманово и Прилеп со согласност на општинските совети се формираат паралелки со број на ученици под законскиот минимум за да не дојде до затворање на паралелки, а со тоа и на школи. Законот за основно образование дозволува паралелки да се формираат со 20 до 30 ученици, а со согласност од Советот и со помалку. Во Куманово најмалите паралелки се со 7 ученици, а во Прилеп со три. Мерка што ја преземаат општините за да се зголеми бројот на ученици е субвенционирање на семејствата на првачињата, кое се движи од 2.000 до 5.000 денари по прваче.

И официјалните податоци на Државниот завод за статистика објавени на крајот од март годинава покажуваат тенденција на празнење на основните училишта во државата. Така, на почетокот на учебната 2023/2024 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 182.124, што претставува намалување за 1,6% во споредба со претходната учебна година. Според ДЗС, во Македонија на почетокот на учебнава година имало 955 основни училишта (едно помалку од лани) со 11.103 паралелки (13 помалку од лани) и 18.831 наставник (219 помалку од лани).

Continue Reading

Претходно: Чај од цимет – борец против воспаленија, проблеми со кожата и дијабетес
Следно: Свечена прослава на РК Еурофарм во Голд Фелициа Битола

Поврзани вести

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
4353
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 11/07/2026 09:54
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година JM2_9167-530527_16by9-Large 1
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

12/07/2026 20:50
Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“ 98765 2
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

12/07/2026 05:59
Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција 4353 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Државното првенство во тенис донесе нови шампиони во машка и женска конкуренција

11/07/2026 09:54
Заложничка драма во Берлин Policija-Berlin 4
  • Вести
  • Свет

Заложничка драма во Берлин

11/07/2026 07:42
Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави tajfun-bavi-tajvan 5
  • Вести
  • Свет

Повеќе од 14.000 лица евакуирани на Тајван поради тајфунот Бави

11/07/2026 07:39

Можеби сте пропуштиле

JM2_9167-530527_16by9-Large
  • Вести
  • Останати
  • Свет
  • Спорт

Италијанецот, Јаник Синер победник на Гренд-слем турнирот Вимблдон за 2026 година

Димитар Петковски 12/07/2026 20:50
98765
  • Вести
  • Кошарка
  • Спорт

Младинците на Македонија тесно поразени на Европското првенство од Дивизијата „Б“

Димитар Петковски 12/07/2026 05:59
DSC_2442
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:55
DSC03261
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (11.07.2026)

Шеталиште 11/07/2026 15:25

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани