Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Прилеп со 6 независни кандидати за градоначалници

Шеталиште 02/09/2025 09:44
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija

Општина Прилеп најверојатно ќе биде подрачје на кое ќе има најмногу независни кандидати за градоначалник бидејќи таму потребните два потписа собираа шестмина граѓани. Ова го покажуваат последните податоци на Државната изборна комисија соопштени вчера попладне, десетина часа пред  крајниот рок за собирање на потписите, а кој истече заклучно со полноќ на 1 септември. Според податоците на ДИК, до денеска попладне се собираа потписи за кандидати за градоначалници во 19 општини за 32 кандидати, а за советнички листи во 15 општини за 17 листи.

– Според последната статистика, за  градоначалници собираат потписи во следни општини: Македонска Каменица (2 кандидати), Куманово, Охрид, Дебарца, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (2 кандидати), Могила, Новаци (2 кандидати), Гостивар, Демир Хисар (5 кандидати), Прилеп (6 кандидати), Долнени, Шуто Оризари и Град Скопје. А за совети на општини во Куманово, Старо Негоричане, Струга, Дебар, Свети Николе, Лозово, Карпош, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола (2 листи), Прилеп (2 листи), Долнени, Чучер Сандево и Могила – информираа денеска од ДИК.

Ова е мало зголемување на бројот на кандидатурите во однос на податоците од саботата кога потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Но, останува впечаток дека наместо голем број вонпартиски кандидати за градоначалници и за советнички листи се случил сосема мал број желби да се учествува во изборната трка. Ова е значително помал одѕив на независните кандидати во споредба, на пример, со локалните избори во 2021 година. Тогаш, на изборите беа пријавени дури 57 независни листи за советници во 40 општини, а кои, на крајот, собраа вкупно 56.000 гласа на граѓаните. Со тоа тие, практично, тогаш станаа четврта политичка сила во државата. Познато е, поради недонесувањето на измените во Изборниот законик, ДИК зазеде став со кој независните кандидати за градоначалници може да се пријават за учество со само два потписа кои треба да се соберат во определен рок.

 

 

Извор: Вечер

Continue Reading

Претходно: Британски научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот
Следно: Уште пет дена за пријавување за “Трчај Бе со Алпско 2025“ во Битола

Поврзани вести

mariovo-pozar
  • Македонија

Активни девет пожари низ државата

Шеталиште 13/08/2026 11:39
20260813120006_big_730x400_55
  • Македонија

Пронајден починат оперативниот директор на Алсат телевизија, Лирим Хајредини

Шеталиште 13/08/2026 10:29
20260813094834_big_730x400_61
  • Македонија

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август

Шеталиште 13/08/2026 09:09
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 2
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58
Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер pozar-loznani 3
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

13/08/2026 21:49
КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид FB_IMG_1786631968953 4
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

13/08/2026 15:18
Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија SFERA1 5
  • Вести
  • Битола инфо

Меѓународниот ден на младите во Битола одбележан со креативност, едукација и младинска енергија

13/08/2026 11:43

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
mnr-1
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

Шеталиште 13/08/2026 21:58
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани