Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Притворено лице кое на социјалните мрежи се заканувало на обвинителка од ОЈО Прилеп

admin 09/12/2023 00:00
ОЈО-Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Полово вознемирување од член 190-а, Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 и Демнење од член 144-а став 1 од Кривичниот законик.

-Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални објави и вклучувања во живо со кои се заканувал дека ќе нападне врз животот на основната јавна обвинителка на ОЈО Прилеп и членови на нејзиното најблиско семејство. Намерата му била да ја вознемири и да ја исплаши, а врз основа на пол, личен, семеен и општествен статус на оштетената како Јавен обвинител. Во објавите осомничениот неовластено користел приватни и семејни фотографии на оштетената. Преку социјалните мрежи тој директно праќал пораки со вознемирувачка содржина до ќерката на јавната обвинителка, предизвикувајќи кај неа непријатност, навреденост и страв. Осомничениот е претходно осудувано лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста, а против него во последниот период се поднесени и повеќе други кривични пријави, што укажува на опасноста тој да повторува вакви кривични дела, соопшти Обвинителството.

Поради тоа, како и фактот дека постојат околности кои укажуваат на опасноста осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и Судот со решение му определи притвор во траење од 8 дена.

Continue Reading

Претходно: ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ. ГЕОРГИЈ: Наречен е Посен оти секогаш се паѓа во Божикните пости
Следно: Натепани двајца малолетници во Прилеп и Битола

Поврзани вести

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“ Screenshot_20260906_122405_Facebook 1
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

06/09/2026 11:37
Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола d427847b62e91b00c80af2734f65115e 2
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

06/09/2026 07:18
ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот skopje-2-2-1536x1079 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

05/09/2026 21:05
Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена img_7945-1536x1152 4
  • Вести
  • Македонија
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

Фудбалската федерација на Македонија во Могила го пушти во употреба новиот ФИФА арена

05/09/2026 06:36
Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово shkendija-1-2-1536x1077 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Тиквеш приреди големо изненадување во петтото коло, совладувајќи ја Шкендија во Тетово

04/09/2026 20:56

Можеби сте пропуштиле

Screenshot_20260906_122405_Facebook
  • Вести
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Вицешампионот Еурофарм Пелистер вечерва му гостува на ГРК Охрид во ракометното дерби во „Билјанини Извори“

Димитар Петковски 06/09/2026 11:37
12598bbc4dadeaf91db42b9b85b678f9
  • Култура
  • Настани

„Каде ни е човечноста?“: „Свесност Live Session“ отвори разговор за емпатијата, различноста и присуството

Шеталиште 06/09/2026 08:38
d427847b62e91b00c80af2734f65115e
  • Вести
  • Битола инфо

Нови предмети ја збогатија музејската поставка за Ататурк во Битола

Шеталиште 06/09/2026 07:18
skopje-2-2-1536x1079
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ПМФЛ: Башкими го совлада Скопје на гости и го освои првите три бода во шампионатот

Димитар Петковски 05/09/2026 21:05

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани