Одредена е мерка притвор за 37-годишен битолчанец кој од февруари годинава во повеќе наврати продавал хероин.
При извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници, известуваат од Јавното обвинителство Битола.
Врз основа на претходна постапка, јавен обвинител до судијата доставил предлог за определување мерка притвор, со цел осомничениеот да не се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
Предлогот е прифатен, а на осомничениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.