22 годишен државјанин на Македонија украл 4 автомобили вечерта на 7 јануари на Брач, соопшти хрватската полиција. Тој е уапсен и по завршување на криминалситичката истрага е однесен во притворското одделение на полицијата на Брач.
Три возила украл во селото Нережишл и едно во градот Супетер. Момчето со еден од автомобилите направило, сообраќајна незгода и го оштетил, пренесуваат хрватските медиуми.
Податоци за идентитетот и други поединости за случајот засега не се дадени.