Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

„Пркос кон заборавот“ – Изложба на Ивона Кочов во рамките на „Битфест“

Шеталиште 19/08/2025 17:52
IMG_4024

Во Офицерски дом, изминатиот викенд, беше отворена самостојната изложба на фотографката Ивона Кочов со наслов „Пркос кон заборавот“, која се одржува во рамките на Битолското културно лето „Битфест“.

Изложбата претставува своевиден омаж на значајни личности од Битола кои со својот труд, интелект и посветеност оставиле траен печат во културниот, општествениот и професионалниот развој на градот.

Преку 32 фотографии, Кочов долови различни профили – од занаетчии, уметници, професори и лекари, до спортисти и судии – сите тие личности кои со своето дело дале непроценлив придонес за Битола. Фотографиите ја нагласуваат мултикултурната слика на градот и сведочат за богатото културно и историско наследство кое продолжува да живее преку своите луѓе.

Авторката истакна дека изложбата е нејзин начин да ја изрази благодарноста и признанието кон овие сограѓани:

„Вечерва не сум тука само како фотограф, туку како раскажувач на приказни. ‘Пркос кон заборавот’ е мој начин да им кажам дека ги гледам, дека ги ценам и дека нивните приказни не треба да избледат”, истакна Кочов.

На изложбата се прикажани портрети на познати имиња како академскиот сликар Васко Ташковски, диригентот Љубомир Трифуновски, универзитетскиот професор Александар Стерјовски, атлетичарката Вера Вељановска, како и бројни лекари, наставници, фотографи, музичари, занаетчии и интелектуалци кои оставиле силен белег врз животот на градот.

Кочов најави дека поради големиот интерес и поддршката од публиката, во иднина ќе биде реализиран и втор дел од изложбата, кој ќе опфати уште личности кои заслужуваат признание и јавна почит.

Изложбата „Пркос кон заборавот“ може да се посети во Офицерски дом секој ден до сабота, во периодот од 08:00 до 21:00 часот.

Со овој проект, Битола уште еднаш ја потврдува својата улога како град кој знае да ги зачува и пренесе приказните на своите луѓе, а изложбата на Ивона Кочов останува траен потсетник дека додека се сеќаваме – тие личности живеат.

Continue Reading

Претходно: Мусака со модри патлиџани
Следно: Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Поврзани вести

dara
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Настани
  • Свет

Историски триумф на Бугарија на 70. издание на Евровизија со песната „Бангаранга“ (Видео)

Димитар Петковски 17/05/2026 06:42
Screenshot_20260503_122852_Gallery
  • Вести
  • Култура
  • Македонија
  • Свет

Македонскиот генијалец, Македон Димитровски освои златен медал по математика во Германија (Фото)

Димитар Петковски 03/05/2026 11:01
IMG_3082
  • Култура
  • Настани

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Шеталиште 03/05/2026 09:56
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“ kup-grupna-1536x1027 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

19/05/2026 20:45
Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден img_2839-1200x670 2
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

19/05/2026 14:37
Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи 20260519143612_big_730x400_77 3
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

19/05/2026 14:35
50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка policija-bt-1 4
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

19/05/2026 14:30
МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола policija_1000x666-1 5
  • Македонија

МВР: Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола

19/05/2026 14:27

Можеби сте пропуштиле

kup-grupna-1536x1027
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Куп на Македонија: Силекс и Шкендија во борба за трофејот на арената „Тодор Проески“

Димитар Петковски 19/05/2026 20:45
img_2839-1200x670
  • Прилеп инфо

Пожарникарите во Прилеп подготвуваат спектакуларна показна вежба за својот ден

Шеталиште 19/05/2026 14:37
20260519143612_big_730x400_77
  • Македонија

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи

Шеталиште 19/05/2026 14:35
policija-bt-1
  • Битола инфо

50 – годишен битолчанец приведен, физички ја нападнал својата малолетна ќерка

Шеталиште 19/05/2026 14:30

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани