Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Прилеп инфо

Проданоски: Европските фондови се шанса за забрзан развој на Прилеп

Шеталиште 25/02/2026 13:46
FB_IMG_1772027143269

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при што во фокусот биле европските вредности и искористувањето на европските фондови за развој на општината.

На средбата се разговарало за придобивките од пристапувањето кон Европската Унија и конкретното влијание на европската поддршка врз секојдневниот живот на граѓаните на Прилеп и регионот. Посебен акцент бил ставен на продлабочување на соработката во делот на локалниот економски развој, реализацијата на инфраструктурни проекти и зајакнувањето на институционалните капацитети.

Проданоски го запознал амбасадорот со природните и културните потенцијали на Прилеп, како и со можностите за користење на европските фондови за поддршка на земјоделството и пограничната соработка. Воедно, било истакнато значењето на развојот на стопанството и искористувањето на европските механизми за поддршка на локалната економија.

Градоначалникот нагласил дека Прилеп е лидер во селектирањето на отпадот во државата и дека општината континуирано работи на унапредување на системот за третман на отпад. Како потврда за овие заложби ја посочил наградата „Најзелена општина“ добиена во 2022 година, во рамките на кампањата на Делегацијата на Европската Унија за промоција на Европскиот зелен договор.

Тој истакнал дека општината ќе продолжи со посветена соработка со Европската Унија преку аплицирање и користење на европската поддршка во сите сфери, вклучително образование, култура, туризам, инфраструктура и економски развој.

„Иднината на Прилеп е нераскинливо поврзана со иднината на Европската Унија. Заедно градиме општество на стабилност, просперитет и европски вредности, во кое граѓаните ќе живеат подобро, а младите ќе ја гледаат својата иднина дома, во европски Прилеп“, порача Проданоски.

 

 

 

 

Општина Прилеп

Continue Reading

Претходно: Во Битола започна со работа техничкиот преглед „Минт Центар“
Следно: Обвинителите против запирање на растот на платите – добиваат од 1500 до 2100 евра, но велат дека се најниски во регионот

Поврзани вести

FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
3policija-420x240-138854-1
  • Прилеп инфо

46-годишен прилепчанец незаконски чувал заштитени видови на птици, во неговиот дом пронајдени 10 птици

Шеталиште 13/08/2026 11:41
policija-8
  • Прилеп инфо

Жена од прилепско натепана од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Шеталиште 13/08/2026 08:20
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција 20260814104056_big_730x400_47 1
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

14/08/2026 09:56
Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации 20260814110215_big_730x400_34 2
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

14/08/2026 09:55
Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд baner_opstina 3
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

14/08/2026 09:00
Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните sovet-opstina-bitola 4
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

14/08/2026 08:54
Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“ DSCF8819_resized 5
  • Вести
  • Битола инфо
  • Култура
  • Настани

Битола подготвена за првиот фестивал „Битолски чалгиски денови“

14/08/2026 08:50

Можеби сте пропуштиле

20260814104056_big_730x400_47
  • Балкан

МНРиНТ: Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција

Шеталиште 14/08/2026 09:56
20260814110215_big_730x400_34
  • Македонија

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, аеродромите во Скопје и Охрид со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци и 28 нови дестинации

Шеталиште 14/08/2026 09:55
baner_opstina
  • Вести
  • Битола инфо

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во Битола – надзори и во вечерните часови и за викенд

Шеталиште 14/08/2026 09:00
sovet-opstina-bitola
  • Вести
  • Битола инфо

Општина Битола: 475 дискусии, Советот е конструктивен, продуктивен и го обезбедува демократското преставување на граѓаните

Шеталиште 14/08/2026 08:54

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани