Градоначалникот Дејан Проданоски оствари средба со граѓаните во центарот на градот.
Кога се слуша гласот на народот, се носат и најдобрите одлуки,“ порача градоначалникот на Прилеп, нагласувајќи дека секој чекор што го прави локалната самоуправа произлегува од потребите, идеите и надежите на граѓаните.
Од најмладите кои го градат своето утре, до повозрасните кои со своето искуство му даваат вредност на нашиот град – сите заедно ја обликуваме иднината на Прилеп.
Градоначалникот истакна дека Прилеп е град во кој секој човек е важен, секоја насмевка е поттик, а секој предлог е можност за подобро утре. „Заедно создаваме град што не само што слуша, туку и разбира и делува,“ додаде тој.
Заедно создаваме град што слуша, разбира и делува. Град во кој секој човек е важен, секоја насмевка е поттик, а секој предлог, можност за подобро утре. – истакна градоначалникот Проданоски.
Со ваквиот пристап, локалната самоуправа се стреми да изгради средина во која граѓаните се чувствуваат вклучени, ценети и охрабрени да придонесат.ФОТО: Фејсбук страна на градоначалникот Дејан Проданоски

