Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Локални избори 2025

Проданоски: Изградба на два големи парка и уредување на кејот на Градска Река за зелен и урбан Прилеп

Шеталиште 12/10/2025 09:18
Prodanoski

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва на предизборен митинг истакна дека се случуваат историски инфраструктурни промени за целосно поврзување на Прилеп со современи сообраќајници, со што, рече, општината се враќа на мапата како крстосница и центар на развојот.

-Со силната поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веќе се случуваат историски инфраструктурни промени. Модерниот пат од Градско до Фариш е завршен. Во тек е изградбата на автопатот кон Битола, проект чекан со години. Нашиот следен чекор е изградба на нов, современ пат од Фариш до самиот влез на Прилеп. Првпат во историјата нашиот град ќе биде целосно поврзан со современи сообраќајници – и кон главниот град и кон нашиот најголем конзулски град, рече  Проданоски на митингот во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“

Ги истакна клучните столбови на кои ќе се темели идниот развој за урбана обнова на градот, силна економија и нови работни места, квалитетен живот за сите генерации и модерна општина со електронски услуги за граѓаните на општина Прилеп.

-Прво, темелна урбана и еколошка обнова на градот. Конечно ќе го решиме деценискиот проблем со Градската Река. Ќе го уредиме коритото по целата должина од 4,5 километри, ќе изградиме кејски ѕидови, пешачки и велосипедски патеки, ќе поставиме клупи и осветлување. Прилеп ќе биде зелен град. Ќе изградиме два нови, големи паркови – еден во населбата „Градина“, на површина од 14 000 квадратни метри, и еден кај Волково, кој на 30 000 квадрати ќе прерасне во излетнички центар за целото семејство. Второ, силна економија и нови работни места, комплетно инфраструктурно ќе ги уредиме индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“.  Трето, квалитетен живот за сите генерации, ќе изградиме нова, модерна детска градинка во населбата „Рид“. Следува комплетна реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“ и на нашиот театар „Војдан Чернодрински“. Ќе ја реконструираме спортската сала „Македонија“ и ќе работиме на изградба на нов, мултифункционален спортски центар. Четврто, модерна, ефикасна и безбедна општина, ќе воведеме целосни електронски услуги за граѓаните, истакна Проданоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Continue Reading

Претходно: Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна
Следно: Филипче: Дарко Блажевски докажа што значи грижа, над 60 проекти во Јегуновце, тоа е СДСМ!

Поврзани вести

Glasanje
  • Локални избори 2025

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини

Шеталиште 10/01/2026 12:40
izbori-izboren-den-glasanje-glasacka-kutija
  • Локални избори 2025

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Шеталиште 23/12/2025 07:18
dik
  • Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници, за Град Скопје секое шеснаесетто ливче неважечко

Шеталиште 03/11/2025 14:57
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани