До крајот на годината останува уште еден неработен ден а тоа е 8 декември – Св. Климент Охридски кој се паѓа во вторник и е неработен ден за сите граѓани.
Поради продолжените викенди, Стопанската комора покрена иницијатива за измени на Законот за празници за да се намали бројот на празници односно оние празници што се паѓаат во недела, да не се префрлаат во понедленик. Причината за ваквото барање според нив е зголемување на продуктивноста и спречување на финансиски загуби од зголемениот број неработни денови и споени викенди
Ваквата нивна иницијатива наиде на остри реакции пред се од Сојузот на синдикати на Македонија. Претседателот на ССМ изјави дека станува збор за обид за кратење на веќе стекнатите работнички права.
Според Законот за работните односи и ставот на ССМ, работата во денови на празник или неработен ден утврден со закон се плаќа со зголемување од 250% по час.

