
Денеска во Основен кривичен суд, продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Завршен збор ќе даваат обвинетите за убиствата, и одбраната на Љупчо Палевски.
На минатото рочиште, одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски, побараа ослободителна пресуда. Јавното обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за четворица обвинети за грабнувањата и убиствата, а за таткото Александар затворска казна поради соучество.
Бранителите на Манев, Кешишев и Видевски побараа Кривичниот суд да ги ослободи од обвинението за убиствата. Адвокатите на Манев и Кешишев побараа нивните клиенти да бидат осудени само за делата грабнување.
Бранителот, пак, на Видевски, Бојан Манев ја бранеше тезата дека целото обвинение е конструкција. Тој кажа дека неговиот клиент не учествувал во киднапирањата на двајцата, и дека на денот на убиството на Панче бил на работа, а на денот на убиството на Вања бил во партијата Десна.