Ако имате талент за пејач, танчер, актер или аниматор и притоа имате голема желба да бидете дел од првото Кабаре Шоу во Македонија тогаш оваа објава е само за вас.
Продукциската куќа 77 Ентертејмент во соработка со Голд Фелициа објавува кастинг за: пејачи, танчери, актери и аниматори.
Испратете своја апликација на 👉academygoldfelicia@gmail.com и добијте уникатна можност да бидете дел од професионалниот тим на уникатното Кабаре Шоу во Голд Фелициа во Битола.
Аплицирајте и добијте можност за професионален развој на вашата кариера и работа со врвни продуценти, кореографи и професионален кабаре тим.
Краен рок за пријавување: 15 јануари 2025 година.