Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пролет со нестабилни и врнежливи периоди, можност за излевање на реки и свлечишта

admin 06/04/2025 00:00
reka-izlevanje-2-701x394-696x391-2

Динамична пролет со нестабилни и врнежливи периоди во првата половина и потопол период со зачестени грмотевични бури во втората половина, предвидуваат професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје.

По најавеното заладување со врнежи од дожд и снег на планините и можен утрински мраз во некои пониски делови од државата, двајцата професори веќе во втората половина од месецов, односно за Велигденските празници, очекуваат стабилизација на времето, но на крајот на април повторно да биде променливо со можни врнежи и грмежи.

Во нивната анализа за временските услови, хидролошките ризици и можните гео-непогоди оваа пролет се посочува дека во мај температурите ќе бидат еден до два степена над просекот, но поради зголемената водена пара во атмосферата, периодите на стабилно и топло време ќе бидат прекинати од краткотрајни, но интензивни нестабилности.

– Периодот од 7 до 14 април се очекува да се задржат пониски температури од просечните за овој период. Врнежите исто така бележат позитивно отстапување за овој период. Од половината на месецот, вклучувајќи ги и Велигденските празници, постепено подобрување на временската слика, со повеќе сончеви периоди и температури во рамките на просечните. Сличен тренд ќе бележат и врнежите со таа разлика што во седмицата од 14-21 април за нијанса повеќе врнежи во југозападниот дел додека наредниот седмодневен циклус во југоисточните делови. За периодот на месец мај – до почетокот на летото (21 јуни), се предвидуваат температури од 1 до 2 °C повисоки од просечните, со врнежи во рамките на просечните вредности, се вели во анализата.

Во јуни се очекува понатамошно загревање и зголемена атмосферска нестабилност, со можност за силни невремиња, град и ненадејни поплави.

– Повисоките температурни аномалии за мај и јуни, укажуваат на постепено загревање на Европскиот континент, што поради зголемената водена пара во атмосферата како резултат на климатските промени, ќе создаде услови за интензивирање на конвективните процеси. Ова ќе доведе до развој на грмежни бури, кои понекогаш можат да бидат поорганизирани грмотевични групации (кластери), линии на нестабилност во средни размери, управувани од синоптичко-динамички системи и да создадат неповолни временски појави, како ненадејни поплави, силни ветрови, молњи и појава на град со потенцијално големи деструктивни влијанија, се нагласува во анализата.

Двајцата професори укажуваат дека поради променливиот карактер на времето и можните хидролошки ризици, неопходна е зголемена подготвеност на институциите и јавноста за навремено реагирање на потенцијалните неповолни временски појави.

– Продолжените врнежи што ја зафатија државата во изминатите денови, како и прогнозираните до крајот на април и во месец мај значително ќе ја заситат почвата со влага, создавајќи „вишок на водена маса“. Во таа смисла, наредните недели, граѓаните, локалните и централните власти треба да бидат подготвени за зголемен ризик од поплави, свлечишта, одрони, засипување на патишта со нанос и други непогоди, се наведува во анализата.

Зголемено површинско задржување и појава на речни поплави, се очекува особено во рамничарските, котлински делови. Такви се речните долини на Вардар (Долни Полог, Катлановско, Велешко, Гевгелиско-Валандовско), Пчиња (особено низводно од Пелинце), Крива Река (помеѓу Крива Паланка и с. Ранковце), Брегалница (со некои нејзини притоки како Желевица, Злетовска Река низводно од с.Злетово и др.), Струмица, Црна Река низ Пелагонија и сл.

– Со оглед на прогнозите за дополнителни врнежи, веќе во наредните денови се очекува поплавување кое се очекува да биде од слаб, до умерен карактер. Воедно, вештачките акумулации, кои претходно беа значително испразнети, ќе се наполнат, а можно е и значително зголемување на нивото на Охридското Езеро, велат двајцата проферори.

Продолжителните врнежи кои во одредени периоди и делови на државата ќе имаат пороен карактер, според Спиридонов и Милевскии, ќе го зголемат ризикот од свлечишта и одрони, особено на стрмните падини и поголемите засеци на патиштата.

– Во западниот дел на државата пак, на стрмните планински страни и кон нивните подножја, до средината на април, можни се појави на снежни и комбинирани (снежно-одронски) лавини. Најранливи се стрмните терени со нестабилна подлога, неотпорни карпи (шкрилци, песочници, глини) и претходно активни свлечишта. Особено критични точки се патните правци: Маврово-Дебар-Струга, Охрид-Ресен-Битола, Струмица-Берово-Делчево, Скопје-Велес, Куманово-Кратово, Кочани-Делчево, Крива Паланка-Деве Баир, како и долж засеците на повеќе локални патишта, посочуваат професорите.

Според Спиридонов и Милевски, неопходни се навремени превентивни и мерки за заштита, како што се перманентна проценка на ризикот од поплави, согласно краткорочните и среднорочните прогнози за врнежите и состојбата на теренот, редовна комуникација и координација меѓу институциите и соодветните научно-истражувачки институции, превентивни активности од ЦУК, ДЗС и локалните власти, изработка на национален катастар на ризични подрачја и развој на ГИС систем со детален мониторинг и сценарија за потенцијални природни непогоди.

Continue Reading

Претходно: Во Битола одржан едукативен настан за безбедност во сообраќајот во организација на Мото Клуб Конзули
Следно: Покачување на капитацијата за матичните лекари: Мицкоски најави позитивна вест уште следната недела

Поврзани вести

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
Komunalci
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

Шеталиште 23/01/2026 14:29
vestacka-inteligencija
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

Шеталиште 23/01/2026 14:27
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани