НАЈНОВО

Македонија

Променливо облачно време со максимална температура до 15°C

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 15°C, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11°C.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.

Поврзани новости