Македонија

Променливо облачно и топло време, во Битола до 33 степени

Утрово 10 степени во Лазарополе, 11 Берово, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Дебар, 16 Крушево, 17 Скопје-Петровец, Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Велес, 19 Кавадарци, 20 Демир Капија, 21 Гевгелија.

Врнежи од дожд имаше во Дебар каде наврнаа 5 л/м2, 2 во Лазарополе, 1 во Берово.

Во текот на ноќта во најголем дел од земјава времето беше ведро, утрово е сончево, во крајните западни и источни делови со мала до умерена локална облачност. Дува слаб променлив ветер.

Времето денеска променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Битола до 33 степени.

Поврзани новости