Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Промоција на „Битолскиот клавир Петко“ – првата детска сликовница посветена на Битола

Шеталиште 18/08/2025 03:28
bitolskiot-klavir-petko-2

Битола е уметност, историја, посебна приказна… Посебен шарм и град на културата. Мозаик од вистински вредности, традиција, географска положба и грациозна, достоинствена историја. Онаа која знаела да засвири на клавир, да симне паларија и да те поздрави со вистински урбан шмек. Битола е град и Битола е градска.

Елена Наумовски, авторка на книгата

Сликовницата „Битолскиот клавир Петко“ ја раскажува токму таа урбана бајка. Приказната го следи клавирот Петко (комичен и допадлив лик за најмладата публика). Петко се раѓа во Париз, но поминувајќи низ многу премрежја и животни судбини, патува до Истанбул, а потоа пристигнува во градот на магнолијата – некогаш и градот на клавирите. Но, еден ден во Битола ги одземаат сите „клавири“.

„Да ги вратиме ,,клавирите“, вели авторката Елена Наумовски, познато име на македонската книжевна сцена. Зад себе има две збирки поезија и еден роман (коавторство со Владимир Ивановски – Дади), а моментално работи на сценарио за игран филм во соработка со режисерот Антонио Митрикески, корежисерот Омер Зекировски и директорот на фотографија Беби Зекировски. Неофицијално, во проектот е вклучен и актерот и шоумен Игор Џамбазов. Како и сликовницата, и филмот ќе ја има Битола како главна сцена.

„Имаме што да кажеме за овој град. Но, дали ќе нè слушнат? Ова е апел за поддршка на македонските автори, уметници, филмаџии и промоција на нашата историја, културно наследство и традиција“, додава Наумовски.

Илустрациите се дело на Мирјана Бубевска, веќе докажано име во својата професија во и надвор од Македонија. Нејзиниот автентичен стил ги оживува бајките носејќи на ,,сцена” ликови во кои ќе се вљубите на прв поглед. Авторката и илустраторката најавуваат дека ова е само почеток – планот е да се создадат сликовници за сите градови во земјата, за на младите генерации да им се пренесе културата и историјата на Македонија.

Промоцијата е на 18 август (понеделник) во 19:00 часот.

Настанот е во рамките на Бит Фест (Битолско културно лето е поддржан од Општина Битола, како и неколку општествено одговорни компании кои веруваат дека уметноста, културата и урбаниот крик сеуште постојат во Битола: Native teams, Болница Плодност, Reprim Битола, Менувачница Саат Кула, Бар Општина, Muppet kids, Adam’s Art.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на Book’s House – Битола, а најмладата публика ќе може да ужива во друштво на кловнот Заги и во креативна детска работилница со Ankica Adams Art – уметничко ателје. За сега книгите ќе бидат достапни за продажба во книжарата Book’s House.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Битолскиот Клавир Петко (@klavirot_petko)

Continue Reading

Претходно: Репертоар на 3Д Кино Битола: Подготви се за две незаборавни филмски искуства!
Следно: Облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Поврзани вести

plakat Vracanje na Zikinata dinastija
  • Настани

Во кино Мис Стон “Враќање на жикина династија”

Шеталиште 08/04/2026 09:29
zdravko
  • Настани

На 1ви август со голем концерт Здравко Чолиќ во Битола

Шеталиште 06/04/2026 14:30
MKD_5292
  • Вести
  • Настани
  • Останати
  • Свет
  • Спорт
  • Фудбал

Македонските навивачи во фокусот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген (Фото)

Димитар Петковски 27/03/2026 06:37
300 x 250 (1)
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари goriva-1 1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

11/04/2026 14:42
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито oblacno-vreme-1 2
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

11/04/2026 09:11
Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат 282_cvetkovikj-stefan_vardar-1536x1093 3
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Денес градско дерби, Вардар домаќин на Работнички по 102-ри пат

11/04/2026 09:08
Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата artemis-2-e1775897631880-800x450 4
  • Свет

Првите астронаути што патуваа до Месечината по повеќе од половина век безбедно се вратија на Земјата

11/04/2026 09:01
Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело hosios_loukas_narthex_-_east_wall_right_harrowing_of_hell_03.jpg 5
  • Македонија

Народни обичаи за Велика Сабота – Се бојадисуваат велигденски јајца, но не во секоја куќа, некој добива само бело

11/04/2026 08:59

Можеби сте пропуштиле

261104_54
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 16:11
IVK_0645
  • Саботно корзо

Саботно Корзо (11.04.2026)

Шеталиште 11/04/2026 15:15
goriva-1
  • Економија

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Шеталиште 11/04/2026 14:42
oblacno-vreme-1
  • Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито

Шеталиште 11/04/2026 09:11

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани