Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Култура
  • Настани

Промоција на романот „Толку темно“ од Сашо Димоски во книжевниот клуб UTOPIA

Шеталиште 26/11/2025 06:44
589535688_1343088854020443_6346901086199966957_n

Во среда, 26 ноември, со почеток од 19:00 часот, книжевниот клуб UTOPIA во Битола ќе биде домаќин на промоцијата на новиот роман „Толку темно“ на драматургот и прозен автор Сашо Димоски.

UTOPIA и овој пат останува верна на идејата книжевноста да се живее одблиску, како разговор, размена и заедничко искуство.

Настанот е уште едно поглавје во програмата посветена на современата македонска литература, со акцент на автори кои имаат препознатлив, моќен глас.

Сашо Димоски е драматург, прозен автор и универзитетски професор, чии текстови одамна имаат сопствен пулс и препознатлива поетика. Неговите драми се играат на домашни и странски сцени, преведувани се на повеќе јазици, а прозата му е забележана со бројни критики и награди. Димоски важи за еден од најинтересните претставници на новата книжевна генерација, автор кој умее да ја спои драмската напнатост со прецизен, кус и силен јазик.

Сашо Димовски

Романот „Толку темно“ не се движи по класични романескни правила. Наместо линеарна приказна, читателот следи патување на човек низ градови, векови и внатрешни состојби: Троја. Рим. Константинопол. Амстердам. Париз. Мадрид. И, конечно тука, овде. Книгата зборува за движење и припадност, за историјата што ја носиме во себе и за денешниот здив на градовите во кои живееме.

Ликот станува мапа составена од сопствени доживувања, загуби и надежи, а јазикот на Димоски останува чист, точен и драмски концентриран, оној тип на проза што го повикува читателот да чита бавно, внимателно и повеќепати.

На промоцијата во UTOPIA Book Club публиката ќе има можност да го проследи разговорот со авторот во неформална, блиска атмосфера, да слушне читање на избрани фрагменти од романот и да се вклучи во отворената дискусија за темите на книгата и се разбира да ужива во книжевно дружење и писле промоцијата во духот на UTOPIA, каде литературата и градот се спојуваат во едно искуство.

Continue Reading

Претходно: До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Следно: Јавна расправа за планот за дијаспората, Муцунски ќе ги претстави клучните области

Поврзани вести

20261009075207_big_730x400_32
  • Настани

Во Битола на „Интерфест“ музички рецитал со францускиот пијанист Иг Леклер

Шеталиште 09/10/2026 06:40
capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
prilep-jaz
  • Настани

Петнаесет години џез во Прилеп: Сетстат и Пијан Славеј на јубилејната сцена

Шеталиште 29/09/2026 08:37
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 1
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 2
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56
Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап 20261009093754_big_730x400_97 3
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

09/10/2026 07:52
Продолжен викенд пред нас, следува уште еден znamee-1 4
  • Македонија

Продолжен викенд пред нас, следува уште еден

09/10/2026 07:44
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата Granica-768x432-1 5
  • Македонија

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

09/10/2026 07:06

Можеби сте пропуштиле

image (12)
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

Шеталиште 09/10/2026 08:51
20261009093329_big_730x400_98
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

Шеталиште 09/10/2026 07:56
20261009094626_big_730x400_98
  • Рецепти

Оризова пита со јаболка и младо сирење

Шеталиште 09/10/2026 07:55
20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани