Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Пукање во трговскиот центар “Ист гејт“

admin 24/10/2023 00:00
radwibqnbinemd7vhivb

Лицето на фотографијата е лице по кое трага Министерството за внатрешни работи, а денеска рани две лица во трговскиот центар „Ист Гејт“. Фотографијата е направена од камерите во трговскиот центар.

Едно лице е во критична состојба и е префлено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а другото лице е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Според првичните неофицијални информации едното рането лице е Раде Трајковски-Штекли. Министерството за внатрешни работи трага по лицето кое пукало и ги повикуваат граѓаните доколку имаат некакви сознанија за сторителот да пријават.

– На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112. – велат од МВР.

Мета на нападот бил Раде Трајковски-Штекли-лице кое има криминално досие и пред две години беше екстрадиран од Србија и за кој имало потерница, а информациите зборуваат дека истото лице било мета и на денешниот напад но и нападот пред два месеци на иста локација-во Ист Гејт. Од менанџментот на Ист Гејт велат дека се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар.

– Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22:00 часот. Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите. – велат од Трговски центар Ист Гејт.

Директорот на болницата „Свети Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков вели дека двајцата пациенти се примени во тешка состојба, со сериозни прострелни рани во пределот на стомакот и градниот кош.

Лица присутни во тој момент за тв 24 велат дека слушнале канонада од истрели по што посетителите почнале да бегаат. Ова не е прво пукање во Ист Гејт.

Според неофицијалните информации, денешното случување се поврзува со случувањето-пукањето од 25-ти август. Тогаш неофицијалните информации велеа дека станува збор за две криминални групи.

На 25.08 и тогаш и сега информациите упатуваат на пресметка на мафијашки групи, а изминатиов период имаше престрелки и на други локации во Скопје.

Continue Reading

Претходно: Приведени 11 лица, претреси во Битола, пронајдена дрога, оружје, пари…
Следно: Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани