Работнички е “хирушки” прецизен во Втората лига откако стигна до вториот триумф, славеше против Еуромилк Горно Лисиче со 1-0 и е без примен гол досега. Александар Богданоски во 52 минута ја донесе предноста за „романтичарите“.
Во третото коло екипите на Осогово и Новаци ги поделија бодовите во Кочани (0-0), додека струмичка Брера славеше со (2-1) против Камјани. Жоглев од пенал и Ристовски беа стрелци за Брера, а Исмаили погоди за гостите.
Битолски Пелистер конечно стигна до првата победа во новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Македонија ЃП славеше со 0-1. Повеќе спортски медиуми го потенцираа пеналот како сомнителен, кој во гол го претвори Иван Ивановски во 81.минута пред самиот крај.
За Шкупи ова беше трет пораз во исто толку натпревари со постигнат само 1 гол и седум примени.
