Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Радио 106 слави 33 години постоење!

Шеталиште 12/02/2026 17:28
Radio 106

Радио 106 прославува 33 години постоење! Зад нив се 33 години исполнети со бројни пресвртници кои ја зацврстија нивната позиција како најомилена радио станица во Битола и еден од највлијателните медиуми во Македонија.

Уште во 90-тите години, кога медиумскиот простор беше заробен во конзервативни рамки, воведоа модерен и динамичен американски хит-радио концепт кој го трасираше патот за развој на сите идни радија. Иако во јавноста често постојат поинакви перцепции, вистината е дека многу од денешните „големи“ македонски радија своите вештини и програмски шеми ги моделираа токму според нивните стандарди. Иако во Македонија има некаков општо прифатен наратив дека најголемата креативност излива од главниот град, која поголемите медиуми ја дисперзираат, всушност реалноста е обратна: Креативноста доаѓа од сите останати градови и се влева во него. Денес, влијателноста на Радио 106 е потврдена преку нивните шоу емисии кои се ре-емитуваат низ целата држава, додека нивната аудио продукција успешно се пласира дури и на глобалниот пазар.

Она што го прави Радио 106 уникатно е непоколебливата посветеност на квалитетот. Во свет кој брзо се менува, остануваат извор на проверени и фактички информации од областа на музиката, технологијата, науката и спортот. Тое не се само пренесувачи на содржини, туку хроничари на времето во кое живее Битола.

Локалниот пазар има свои ограничувања, што често ја отежнува реализацијата на пошироки програмски идеи, иако желбата и идеите за тоа никогаш не им недостасувале. “Има толку многу талентирани и креативни луѓе кои заслужуваат радиски простор и време, но финансиската реалност е едно а желбите се друго” -велат од 106-ка. Фактот што сите други локални комерцијални радио станици во Битола згаснаа (Радио Битола, Канал 89, КФМ, Делфин, Радио 105, Радио АС, 2М, Б-97 и други), а само 106-ка продолжи да зрачи, зборува многу за економската кревкост и честото отсуство на слух кај големата бизнис заедница за поддршка на градските медиуми. Сепак, поддршката од малите бизниси и нивната цврста волја не им дозволуваат да бидат само „бројка“ во етерот. Нивна цел не е само да постојат, туку постојано да се подобруваат, како што велат.

Ветуваат дека битката за подобра програма никогаш нема да престане. Велат дека се горди на нивните уникатни проекти. Ја имаат најстарата радио топ-листа во државата „Какаду топ 20“ со 1.664 неделни изданија, емисијата „Поп монитор“ со 1000 неделни изданија, го прават „Новогодишното шоу“ кое руши рекорди на слушаност, и стојат зад изборот „Најдобрите“ – шоу во кое на крајот од секоја година ги крунисуваат врвните артисти и хитови.

“Овој јубилеј е резултат на макотрпната работа на нашиот тим, но и на нераскинливата врска со нашите верни слушатели. Ова не е само наш успех – ова е успех на целата заедница. Заедно славиме илјадници песни кои станаа спомени, славиме емоции и три децении заеднички живот.”

“Една работа останува непроменета од првиот ден до денес: нашата искрена љубов кон радиската магија. Таа љубов е темелот на нашето наследство. Таа ни дава сила да опстанеме, да се развиваме и натаму да бидеме фреквенцијата на градот.” – велат од битолската 106-ка.

Да ни е жива и здрава 106-ка!

Радио 106

Continue Reading

Претходно: Проданоски: Прилепската чаршија е срцето на градот
Следно: ПМФЛ: Пелистер го совлада Работнички, по бод за АП Брера и Македонија ЃП

Поврзани вести

Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28
300 x 250 px gold bonus programa
-_
travel 300 x 250 (1)
300 x 300
777 300 x 250
Cabaret-Gold

Тренд Вести

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59 1
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

15/03/2026 09:32
Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност Turska-banja-Prilep 2
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

15/03/2026 09:31
Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3 30.08.2025 (23 of 37) 3
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

15/03/2026 09:28
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози Soobrakjaj 4
  • Вести
  • Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

15/03/2026 09:26
Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд soncevo 5
  • Вести
  • Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

15/03/2026 09:24

Можеби сте пропуштиле

rade-siljan
  • Култура
  • Настани

Објавена „Пајажина“ од Раде Силјан со над седумдесет песни македонска родољубива поезија

Шеталиште 15/03/2026 09:38
Screenshot 2026-03-15 at 10.31.59
  • Вести
  • Економија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Шеталиште 15/03/2026 09:32
Turska-banja-Prilep
  • Вести
  • Прилеп инфо

Споменикот на културата, Турската бања во Прилеп е во опасност

Шеталиште 15/03/2026 09:31
30.08.2025 (23 of 37)
  • Вести
  • Македонија

Најстудено во Берово, најтопло во Виница, утринските температури од -5 до 3

Шеталиште 15/03/2026 09:28

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани