Со ждрепката во Виена, Австрија, се познати полуфиналните парови во ракометната Лига на шампиони, минатогодишните финалисти, германските гиганти Магдебург и Фуксе Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона. Во второто полуфинале ќе се сретнат 12-кратниот европски шампион Барселона и дански Алборг.
Фајнал-фор турнирот традиционално се игра во Келн, Германија на 13 и 14 јуни 2026 година.
Лани, а овогодишен бранител на титулата, екипата на Магдебург беше поуспешен од Фуксе Берлин со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула. Тоа беше прв настап за лисиците Фуксе Берлин во финалето.

