Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Битола инфо
  • Вести

Расте бројот на туристи кои ја посетуваат Битола

admin 13/05/2025 00:00
Bitola-Shirok-Sokak-1

И денеска претпладне група странски туристи во посета на Битола. Според јазикот на кој зборуваа беа од западна Европа. Една од главните локации каде застануваат, се фотографираат и водичите ги информираат е центарот на градот, односно плоштадот „Магнолија“ со споменикот Филип втори и Саат кулата. Тука има и верски објекти кои исто така се разгледуваат.

Широк Сокак без сомнение е улицата каде задолжително поминуваат разгледувајќи ја старата архитектура. Па надолу на кај Офицерскиот дом, потоа музејот, каде што се наоѓа и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк.

И пред неколку дена поголема група туристи беа на „Магнолија“.

Во локациите за посета е вклучен и античкиот локалитет Хераклеја.

Колку туристи ја посетуваат Битола, може да се прави анализа само според бројот на ноќевања, но не и за оние кои попатно ја посетуваат Битола, односно градот е дел од дневна посета, во рамките на нивниот аранжман во Македонија, каде главната дестинација е Охрид, каде и најчесто преноќеваат.

Познавачите на приликите велат дека од година во година се зголемува бројот на странски туристи кои доаѓаат во Битола. Една од причините велат е добрата промоција на градот, а друга понудата на туристичките агенции и нивната соработка со странските партнери во делот на влезниот туризам.

На државно ниво според Државниот завод за статистика бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70 902, од кои 22.0% се домашни туристи, а 78.0% се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132 015, од кои 28.0% се од домашните туристи, а 72.0 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 9.2 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9.1 % така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 21.7 %.

Со доаѓањето на летото очекувањата се дека освен станрските туристи во Битола ќе ги има и нашите иселеници пренесува Тера.

Continue Reading

Претходно: Попладнево нестабилно време и невреме
Следно: Дневен хороскоп (13.05.2025)

Поврзани вести

FB_IMG_1786658331932
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

Димитар Петковски 13/08/2026 21:59
pozar-loznani
  • Битола инфо

Успешна интервенција во Лознани: Куќите се спасени од огнената стихија, ама опасноста присутна цела вечер

Шеталиште 13/08/2026 21:49
FB_IMG_1786631968953
  • Вести
  • Битола инфо
  • Прилеп инфо
  • Ракомет
  • Спорт

КУД „Дримкол“ од Вевчани го означи стартот на „Струга 2026“, победи за Вардар 1961 и ГРК Охрид

Димитар Петковски 13/08/2026 15:18
GRKINKA
TROPIKO
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 300

Тренд Вести

Денеска не очекува невреме во попладневните часови nevreme 1
  • Македонија

Денеска не очекува невреме во попладневните часови

14/08/2026 07:57
ПОЧНУВА БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ Тоа е најкраткиот од четирите годишни пости golema-bogorodica 2
  • Македонија

ПОЧНУВА БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ Тоа е најкраткиот од четирите годишни пости

14/08/2026 07:55
Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознени стигнал на 50 метри од куќите, во гасењето се вклучиле и мештани Pozari 3
  • Македонија

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознени стигнал на 50 метри од куќите, во гасењето се вклучиле и мештани

14/08/2026 07:37
Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео) FB_IMG_1786658331932 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Шкендија без Ѓорѓиевски, елиминирана од Хиберниан (Видео)

13/08/2026 21:59
Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики mnr-1 5
  • Балкан

Дел од македонските туристи побарале помош од Конзулатот во Солун поради пожарот на Халкидики

13/08/2026 21:58

Можеби сте пропуштиле

20260813110601_big_730x400_82
  • Рецепти

Мусака

Шеталиште 14/08/2026 08:17
nevreme
  • Македонија

Денеска не очекува невреме во попладневните часови

Шеталиште 14/08/2026 07:57
golema-bogorodica
  • Македонија

ПОЧНУВА БОГОРОДИЧНИОТ ПОСТ Тоа е најкраткиот од четирите годишни пости

Шеталиште 14/08/2026 07:55
Pozari
  • Македонија

Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, огнот во Лознени стигнал на 50 метри од куќите, во гасењето се вклучиле и мештани

Шеталиште 14/08/2026 07:37

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани