Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Спорт
  • Ракомет

Раул Алонсо зборуваше со импресии за Битола и Македонија на „Денот на ракометот“ во Лајпциг

Шеталиште 26/08/2025 12:49
2

Бундеслигашот СЦ ДХфК Лајпциг кој пред неполни два месеци го промовираше шпанецот Раул Алонсо како нов тренер зборуваше на Денот на ракометот во Лајпциг, Германија.

Во ракометниот дом на екипата на СЦ ДХфК Лајпциг – “Арена за недвижности Квотербек” која е со капацитет од 9.000 седишта, имаше отворен ден на кој љубителите на ракометот во градот, имаа можност да се запознаат со нивниот нов тренер, шпанецот Раул Алонсо.

Под новото мото “Ракомет без граници” беше промовиран дел од тимот, со кој се бара успех за ‘гладните’ ракометни фанови во фудбалски град како Лајпциг имајќи предвид дека илјадници фанови се ‘анимирани’ од фудбалскиот бренд на Ред Бул Лајпциг во истоимениот град.

За таа цел ‘љубопитното фотографско око’ на нашиот добро познат битолчанец и фотограф – Димитар Петковски, кој беше на лице место и имаше краток разговор со екс тренерот на шампионот на Македонија – Раул Алонсо (роден мадриѓанец), кој со импресии зборува за неговото време поминато во Битола иако станува збор за период не поголем од осум месеци престој во Македонија.

Во текот на разговорот многумина од присутните се поздравуваа, фотографираа со шпанскиот стратег, додека во смеа еден постар фан искоментира: “Тој повеќе е германецот отколку шпанец” – веројатно се мисли на годините искуство кои ги има како тренер, асистент тренер и спортски директор работејќи низ повеќе бундеслигашки екипи но и Германската ракометна репрезетнација.

Во споделеното видео екс тренерот на шампионот на Македонија и актуелен тренер на СЦ ДХфК Лајпциг, Раул Алонсо одговара на поставеното прашање:

– Дали би се вратиле еден ден во Битола (се мисли на градот и ракометниот клуб) и што ви недостасува најмногу од Македонија ?

„Па, она што ме импресионираше многу, многу позитивно, беше како беа луѓето, како бев пречекан, да, колку добро ме пречекаа и секако, Битола е прекрасен град, сместен во планините. Значи, целата атмосфера беше навистина многу, многу убава и секако во натпреварувачките спортови, никогаш не можете да кажете не. Имам многу, многу убави спомени од Битола и Македонија и се радувам што еден ден ќе се вратам! Можеби ќе го гледам тимот сега кога ќе играат во Магдебург во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека навистина го сакам Еурофарм Пелистер и градот Битола, да имаат успешна иднина. Работев напорно за да обезбедам овој тим да има можност да продолжи во иднина и им посакувам на сите многу среќа и успех од дното на моето срце. И да, се најдобро, ќе ги следам“, изјави Раул Алонсо.

Раул Алонсо иако имаше двегодишен договор со битолскиот ракометен првак на Македонија, си замина по само една сезона и тоа беше на изненадување на многумина во градот по Пелистер.

Покрај Алонсо во СЦ ДХфК Лајпциг од пред некое време ново име е и Бастиан Рошек кој ја презеде позицијата спортски директор и според многу познавачи на германскиот ракомет, Рошек бил главниот ‘виновник’ зошто Алонсо се одлучил за брз трансфер кон Лајпциг и оставајќи ја зад себе “Лигата на Шампионите” и полните трибини во салата “Боро Чурлевски” во Битола.

Continue Reading

Претходно: Секој почеток е полесен кога е „како по вода“ – Back to School без финансиски стрес!
Следно: ЈКП „Водовод“ – Битола: Преземање законски мерки против злоупотреба на вода и диви приклучоци

Поврзани вести

798ff3dd-15d4-db1d-2107-36fa593314ad
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија
  • Ракомет
  • Спорт

Кузмановски со 15 погодоци лидер на Еурофарм Пелистер кој испушти победа на гостувањето во Полска

Димитар Петковски 06/10/2026 21:45
img_4013-1536x1135
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Македонија поразена по четврт пат во Лигата на Нации, Швајцарија ги искористи нашите грешки

Димитар Петковски 06/10/2026 21:18
img_8327-1536x1094
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Муслиу: Не смее само противникот да се прашува

Димитар Петковски 06/10/2026 12:20
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар M79_0274-2048x1367 1
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

08/10/2026 10:41
Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 2
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 3
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 4
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 5
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50

Можеби сте пропуштиле

capture-6
  • Настани

„Поетскиот слем Македонија“ по 16. пат во Прилеп

Шеталиште 08/10/2026 13:42
M79_0274-2048x1367
  • Економија

Почна исплатата преку „зелената нафта“, земјоделците добиваат помош до 12.000 денари по хектар

Шеталиште 08/10/2026 10:41
20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани