Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Моја кујна
  • Рецепти

Рахат локум

Шеталиште 24/12/2025 10:51
Lokum

Рахат локумот е традиционален ориентален десерт со нежна текстура и богат вкус. Неговата подготовка бара трпение, но резултатот е исклучително вкусно слатко, кое може да се збогати со различни ароми и јаткасти плодови, по ваша желба.

Состојки:

  • 1100 грама шеќер
  • 1300 мл вода
  • 290 грама скробно брашно – густин
  • 1/2 сок од лимон
  • Екстракти и бои по желба
  • Бадеми, ореви, лешници, ф’стаци или кокос (по желба)
  • 150 грама шеќер во прав (за валкање)

Подготовка:

Вооружете се со трпение – ова е клучот за успешен рахат локум.

Во тенџере ставете 400 мл вода и целата количина шеќер. Варете околу 15 минути, додека да испари приближно една третина од течноста. Кога сирупот е готов, тргнете го од оган. Во посебен сад измешајте ја останатата вода со скробното брашно – густинoт, па смесата истурете ја во пошироко тенџере. Потоа постепено додајте го врелиот сируп и мешајте постојано. Следи варењето. Процесот трае најмалку еден час на умерена температура. Целта е смесата да изгуби што е можно повеќе течност, без да загори. Смесата брзо ќе се згусне и ќе наликува на пудинг. Намалете ја температурата и варете со повремено мешање. По околу 30 минути, кога ќе земете смеса со лажица, таа треба да остане на лажицата и да не паѓа.

Продолжете со варење уште 30 минути, сѐ додека смесата не стане пожолта и поцврста. Потоа додајте го сокот од лимон, екстрактите, јаткастите плодови и боите по желба. Намачкајте плитка тава со масло (по можност бадемово), истурете ја смесата и убаво израмнете. Оставете да стои 24 часа, па потоа исечете на коцки со дебелина од околу 3 см. Измешајте шеќер во прав и густин, па во таа смеса валкајте ги коцките. Наредете ги коцките на хартија, малку одвоени една од друга, и оставете ги неколку дена да се сушат. Ако сакате да ги консумирате веднаш, може – ќе имаат текстура слична на желе-бонбони.

Фото: Фрипик

Continue Reading

Претходно: Џекпотот на „Пауербол“ достигна 1,7 милијарди долари
Следно: Данската државна пошта згаснува – луѓето сè помалку испраќаат писма

Поврзани вести

колач-ден-и-ноќ
  • Рецепти

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Шеталиште 15/01/2026 08:24
krem supa od tikva
  • Рецепти

Крем супа од тиква со крцкави лепчиња

Шеталиште 14/01/2026 08:21
mafini
  • Рецепти

Чоколадни мафини со банана – одлични за десерт со кафе

Шеталиште 13/01/2026 08:51
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег dozd-cador-1 1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

17/01/2026 09:24
Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо Screenshot_20260117_082255_Facebook 2
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 3
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 4
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 5
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00

Можеби сте пропуштиле

Kire-Lazarov
  • Ракомет

Лазаров: Македонските ракометари денеска ќе имаат слободен ден

Шеталиште 17/01/2026 09:27
dozd-cador-1
  • Македонија

Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува дожд и снег

Шеталиште 17/01/2026 09:24
Screenshot_20260117_082255_Facebook
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Кире Ристевски: Чувството да се вратам дома е незаменливо

Димитар Петковски 17/01/2026 07:24
Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани