НАЈНОВО

Македонија

Рачна бомба пронајдена во Охридското Езеро

Во неделата попладне, триесет и осумгодишниот М.Д. од ресенското село Јанковец пријавил дека во Охридското Езеро кај струшкото село Радожда забележал стара рачна бомба.

Од извршениот увид е констатирано дека се работи за рачна бомба од италијанско производство од Втората светска војна.

Бомбата била безбедно подигната од овластено стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.

Поврзани новости