Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита на стадионот во Битола

Шеталиште 26/08/2026 14:26
IMG_6002

На стадионот во Петар Милошевски, на локација Брдо Тумбе Кафе, Битола беше успешно реализирана практична вежба за евакуација и противпожарна заштита, чија цел беше проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните субјекти во услови на настанување на пожар или друга вонредна состојба.

Вежбата беше организирана од страна на компанијата Премиум Сејфти Солушн, на иницијативна и  во соработка со Општина Битола и Јавното комунално претпријатие, со учество на релевантни служби и лица задолжени за безбедноста и спроведувањето на мерките за заштита и спасување.

Во рамки на вежбата беше симулирана кризна ситуација при која беше демонстриран начинот на активирање на процедурите за евакуација, известување и алармирање, насочување на присутните кон безбедни излези и собирни места, како и координација на лицата одговорни за спроведување на противпожарните мерки.

Посебно внимание беше посветено на брзото и организирано евакуирање на присутните, спречување на создавање паника и обезбедување непречен пристап за интервентните служби.

Целта на вежбата беше да се провери практичната применливост на утврдените процедури, да се идентификуваат можните слабости и да се унапреди подготвеноста за навремено и ефикасно реагирање во случај на пожар, евакуација или друга опасност.

„Безбедноста на граѓаните и навременото и правилно постапување во услови на пожар или друга вонредна состојба се од особено значење, особено на објекти каде што во исто време може да има голем број лица. Преку ваквите вежби не само што се проверува подготвеноста на службите, туку се идентификуваат и можните слабости со цел тие навремено да се отстранат“, истакнува Марија Кукуноска, управител на Премиум Сејфти Солушн.

Премиум Сејфти Солушн, во соработка со Општина Битола и Јавното комунално претпријатие, со реализацијата на оваа вежба го потврди значењето на превентивното делување и континуираното унапредување на системот на безбедност.

„Безбедноста на граѓаните е една од најважните одговорности на секоја локална самоуправа. Токму затоа, ваквите практични вежби за евакуација и противпожарна заштита имаат големо значење, бидејќи овозможуваат навремено да се проверат процедурите, координацијата и подготвеноста за реагирање во ситуации кои можат да го загрозат животот и здравјето на граѓаните. Денешната вежба на стадионот во Битола покажа дека со добра организација, координација и заедничко делување можеме навремено и ефикасно да одговориме на предизвиците. Општина Битола ќе продолжи да ја поддржува реализацијата на вакви превентивни активности, бидејќи подготвеноста не се создава во моментот кога ќе се случи несреќа – таа се гради преку планирање, обука, координација и практично вежбање. Нашата заедничка цел е Битола да биде безбедна општина, а граѓаните да имаат доверба дека институциите и службите се подготвени навремено да реагираат кога тоа е најпотребно. Им благодарам на сите учесници за професионалноста, ангажманот и одговорниот пристап кон реализацијата на оваа вежба”, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Практичните вежби од ваков тип претставуваат важен дел од системот за заштита на животот и здравјето на граѓаните, вработените, посетителите и сите учесници на јавни настани, особено на објекти со голем број присутни лица.

Вежбата беше реализирана успешно, со активна координација и соработка меѓу учесниците, при што беа проверени клучните постапки за евакуација и реагирање при пожар.

Премиум Сејфти Солушн останува посветен на унапредувањето на културата на безбедност, превентивното делување и подигнувањето на нивото на подготвеност на институциите и организациите за справување со ризици и вонредни ситуации.

 

Continue Reading

Претходно: Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
Следно: Регионалната лига: Еурофарм Пелистер во Битола го победи Ловќен, во натпревар со 78 погодоци (Видео)

Поврзани вести

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 1
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 2
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 3
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 4
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10
Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат nafta-1 5
  • Економија

Дизелот во САД постави историски рекорд – нафтата останува над 100 долари, стравувањата од нов инфлациски шок растат

11/09/2026 11:09

Можеби сте пропуштиле

bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31
policiska-akcija
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

Шеталиште 11/09/2026 11:10

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани