Реал Мадрид во јуни прави сензационален трансфер на Килијан Мбапе

0
Споделивања

Ако во изминатите неколку преодни рокови Реал Мадрид и Флорентино Перез беа некако премногу тивки за своите стандарди, ова лето нема да биде така. Откако го “договорија“ Џад Белингем, најдобриот млад играч за врска, следна трансферна желба е Килијан Мбапе.

Познато е што се се случуваше во минатот на релација Мбапе – Перез, но сега Реал и Дон Флорентино сакаат да го вратат ударот.

Според медиумите во Шпанија а посебно во Франција, Мбапе не би имил ништо против ова лето да дојде во Мадрид, посебно по хаосот што се случува во ПСЖ, единствен проблем би била превисоката отштета, но Перез и за тоа имал планови.

Во далечните планови е и трансферот на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Нема што, Реал “пука“ на големо.

Инаку, исто така се напоменува, дека желбата на Перез била од сезоната 2024/25, поточно од идната година па натака тој во тимот на Реал во нападот да ги има Мбапе – Халанд – Винициус а во средниот ред Белингем, Валверде, Камавинга, Чуамени.

Секако дека на повидок е тим со нови “галактикоси“, но…

Ова се желбите на Дон Флорентино, ќе видиме дали ќе се остварат.

0
Споделивања
Exit mobile version