Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Регионалната лига во ракомет ќе стартува од сезоната 2027/28, Македонија ќе учествува во машка и женска конкуренција

Димитар Петковски 20/04/2026 13:52
Screenshot_20260419_150257_Facebook

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон оформување и унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот.

На состанокот беше усогласено дека од сезоната 2027/28 ќе бидат формирани регионални лиги во полн формат и тоа во двете конкуренции, со што се отвора ново поглавје во квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и целокупната промоција на ракометот во регионот.

Во женска конкуренција, регионалната лига ќе опфати по две екипи од пет држави – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија.

Во машка конкуренција е предвидено учество на по четири клуба од Србија и Македонија, како и по два клуба од Црна Гора.

Како преодно решение, договорено е во сезоната 2026/27 да се организира натпреварување во скратен формат. Деталите и моделот на тоа натпреварување ќе бидат дополнително усогласени на наредниот состанок, кој ќе се одржи во Подгорица на 20 мај.

Учесниците на состанокот изразија големо задоволство од постигнатиот договор, со уверување дека регионалните лиги ќе донесат поголема конкурентност, атрактивност за публиката и дополнителен поттик за развој на ракометот во регионот.

Заклучено е дека ова претставува важен чекор кон создавање стабилен и квалитетен систем на натпреварување, кој долгорочно ќе биде од корист за клубовите, играчите и навивачите.

Continue Reading

Претходно: За денар ипол се намалуваат цените на горивата во Македонија
Следно: Денеска врнежи од дожд и свежо време

Поврзани вести

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција mickoski 1
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

13/05/2026 12:03
Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО gob-8-septemvri 2
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

13/05/2026 12:01
Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран Ljupco Nikolovski 3
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

13/05/2026 11:59
Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик kuce-aerodrom 4
  • Вести
  • Свет

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

13/05/2026 11:57
Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето evrosong-italija-germanija 5
  • Вести
  • Свет

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето

13/05/2026 11:55

Можеби сте пропуштиле

mickoski
  • Вести
  • Македонија

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција

Шеталиште 13/05/2026 12:03
gob-8-septemvri
  • Вести
  • Македонија

Со 12 милиони евра обновен оперативниот блок во ГОБ „8 Септември“, опремен според најсовремените медицински стандарди и препораки на СЗО

Шеталиште 13/05/2026 12:01
Ljupco Nikolovski
  • Вести
  • Македонија

Поранешниот министер Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полиција, тврди дека слчучајот е монтиран

Шеталиште 13/05/2026 11:59
drvo-sibir
  • Забава
  • Занимливости

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир

Шеталиште 13/05/2026 11:58

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани