Еурофарм Пелистер предводена од Лино Червар забележаа нова победа во Регионалната лига по победата над Партизан пред неколку денови во Битола. Овој пат „зелено-белите“ постигнаа 45 додека гостите од Црна Гора екипата на Ловќен само 33 гола, со што ја запишаа втората победа во Регионалната ракометна лига.
Во екипата на Пелистер најпрецизен беше повторно Филип Кузмановски со 14 голови, зад него следеше Хенингман кој имаше 10 реализации. Кај гостите од Ловќен, Вујовиќ и Анѓелиќ имаа по 7 погодоци.

Нареден ривал за пелистерци е тимот на РК Дубочица.

