Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Регистрирани се 15% повеќе заболени во споредба со претходната недела

admin 18/01/2024 00:00
kovid-glavobolka-960x639-1

Најголем број од заболените се во Скопје – 186, Битола – 168, Дебар – 153, Тетово – 143, Гостивар – 123, а во останатите градови, бројот на пријавени е ≤100.

Во текот на втората недела од годинава, поточно од 8 до 14 јануари, во земјава се пријавени 1.182 случаи на заболени од грип или слични заболувања, што претставува зголемување за 15,3 проценти во споредба со претходната недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со втората недела од минатата сезона, е намален за 12,2 отсто, додека, во споредба со бројот за втората недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 13 сезони, зголемен е за 32,6 проценти.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 49 материјали од кои детектирани се 26 позитивни случаи на Influenza, 22 А(H1)pdm09, еден Influenza А(H3) и 3 Influenza А – несубтипизиран. Регистрирани се пет пациенти со респираторен синцицијален вирус (RSV) и еден пациент со SARS-CoV-2.

Во однос на возраста, 639 лица се на возраст од 15-64 години, 205 деца на возраст од 5-14 години, 167 деца на возраст до 4 години и 171 лице на возраст над 65 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Најголем број од заболените се во Скопје – 186, Битола – 168, Дебар – 153, Тетово – 143, Гостивар – 123, а во останатите градови, бројот на пријавени е ≤100.

Во Свети Николе има висока активност на вирусот на грип, а во Дебар многу висока активност на вирусот.

Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Се работи за лице на возраст од 65 години од Гостивар, хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети, кардиоваскуларни и белодробни и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип или слични заболувања, изнесува 3.500, во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 13 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, се регистрира зголемување од 35,8 проценти.

Continue Reading

Претходно: Снежно невреме во Европа: Приземјени авиони, луѓе заробени во возилата
Следно: Јаболката како симбол на здравјето: Кој вид содржи најмалку шеќер

Поврзани вести

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

Шеталиште 08/10/2026 06:50
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци 20261007181811_big_730x400_53 1
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

08/10/2026 07:48
До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари denari-plata-600x360_1000x666-1 2
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

08/10/2026 07:38
Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти alkohol-prodazba 3
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

08/10/2026 07:07
Ја славиме Преподобна Ефросинија Svekji-Crkva-2_1000x666-1 4
  • Македонија

Ја славиме Преподобна Ефросинија

08/10/2026 06:50
Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 5
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46

Можеби сте пропуштиле

20261007181811_big_730x400_53
  • Македонија

Десет течни дрва за прочистување воздух поставени во школите во Општина Кавадарци

Шеталиште 08/10/2026 07:48
denari-plata-600x360_1000x666-1
  • Економија

До 31 декември работодавачите треба да го исплатат К-15, минималниот износ е околу 19.000 денари

Шеталиште 08/10/2026 07:38
alkohol-prodazba
  • Економија

Септемвриската инфлација е 2,7 проценти – најголем раст има во алхохолот и тутунот од 6,5 проценти

Шеталиште 08/10/2026 07:07
torta-
  • Рецепти

Медена торта вкус што не се заборава

Шеталиште 08/10/2026 07:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани