Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Прилеп инфо

Редици чекаат да купат билети за „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

admin 02/06/2025 00:00
vojdan1

Редици луѓе чекаат да купат карта за театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Тоа ја покажува желбата на многумина да ги изгледаат претсавите кои оваа година ќе се натпреваруваат за оваа театарска награда.

Влезниците за фестивалските претстави се пуштени во продажба од денеска, на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и онлајн.

– Оваа глетка е радост на Прилеп, радост на МТФ „Војдан Чернодрински“. Редици луѓе што чекаат да си купат влезница за претстава за на фестивалот. Прилеп докажува дека го сака и го заслужува најстариот македонски театарски фестивал! – објавија од Фестивалот.

Инаку хит-претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува одржува од 6 до 13 јуни во Прилеп. Во официјалната конкуренција се девет претстави и пет претстави од независната продукција.


Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 6 јуни во 20 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Тогаш ге бидат доделени и наградатите за животно дело. Годинашни добитници се актерите: Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.

Претстава „12“ е дел од официјалната селекција на Фестивалот.

На затворањето на фестивалот, на 13 јуни, на истата сцена во Центарот за култура во Прилеп од 20 часот во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Вистината 2“ од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц во продукција на Театар Комедија.

Фестивалот за претставите ќе ја користи сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ која ќе ги задоволува сите стандарди за одржување масовна манифестација, а ќе се користат и други алтернативни сцени в Прилеп. Ќе има промоции, изложби, разговори на тркалезната маса за претставите.

 

 

 

 

Извор и Фото: Независен

Continue Reading

Претходно: Денеска се празнува Светиот маченик Талалеј
Следно: Минимално поевтинуваат сите горива од полноќ

Поврзани вести

Komunalci
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

Шеталиште 23/01/2026 14:29
vestacka-inteligencija
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

Шеталиште 23/01/2026 14:27
scena-od-siljan
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

Шеталиште 23/01/2026 14:19
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст image-245086 1
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

23/01/2026 14:52
Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија Komunalci 2
  • Вести
  • Свет

Пет добро платени, но непосакувани професии во Германија

23/01/2026 14:29
Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ vestacka-inteligencija 3
  • Вести
  • Свет

Јужна Кореја – прва земја во светот со сеопфатен Закон за употреба на ВИ

23/01/2026 14:27
„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика scena-od-siljan 4
  • Вести
  • Прилеп инфо

„Приказната за Силјан“ пред прилепската публика

23/01/2026 14:19
Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување Er-traktori 5
  • Вести
  • Македонија

Извршени првите тренажни летови со „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување

23/01/2026 14:12

Можеби сте пропуштиле

image-245086
  • Македонија

Во пораст е бројот на заболени од рак на грлото на матката – најмладите пациентки се на 18 годишна возраст

Шеталиште 23/01/2026 14:52
socijalni-mrezi
  • Забава
  • Занимливости

Тренд од 2016 година: Причина зошто социјалните мрежи се преплавени со фотографии од тој период

Шеталиште 23/01/2026 14:35
citanje-kniga
  • Забава
  • Занимливости

Истражување: Луѓето што редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние што воопшто не читаат

Шеталиште 23/01/2026 14:33
modna-nedela-pariz
  • Живот
  • Мода и убавина

„Луј Витон“ ја отвори Модната недела во Париз

Шеталиште 23/01/2026 14:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани