Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 х 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Македонија

Резултатите од матурата ќе бидат објавени до 11 јули, тестаторите фатиле околу 60 препишувачи

Шеталиште 25/06/2026 11:02
ispit-matura-740x452-1

Оценувањето на тестовите од државната матура и обработката на податоците се во тек, а резултатите ќе бидат објавени до 11 јули. Испитот на зрелоста втора година по ред матурантите го полагаа во големи простории односно амфитеатри, холови и сали, за да биде процесот пообјективен. Сепак, како што информира директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, биле откриени 60 ученици кои користеле мобилни телефони.

„Резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 11 јули, односно, еден месец по полагањето на последниот екстерен испит. Следното полагање е во августовскиот испитен рок. Во текот на јунското тестирање, околу 60 ученици беа откриени со мобилни телефони и беа отстранети од испитот. Нивните тестови се поништени, што значи, имаат единица. Истите, ако не се однесувале недолично кон тестаторот или набљудувачот ќе може да полагаат во август, во спротивно ќе добијат мерка забрана за полагање во август и ќе може да полагаат дури следната година”, вели директорката Јовчевска Михајловска за Мета.

На 6 јуни учениците полагаа англиски, германски, француски, италијански или руски јазик, како и математика (во зависност на тоа кој што одбрал), а вториот екстерен испит по мајчин јазик беше реализиран на 11 и на 12 јуни.

Оваа година полагањето на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура, се реализира според новата концепција со изменети испитни програми за учениците од стручно и уметничко образование, а за гимназиското остануваат истите испитни програми. Тестовите по предметите не беа исти за сите ученици како досега, туку оваа година за прв пат учениците полага согласно наставните програми за гимназиско, стручно и уметничко образование.

Пред 3 години Мета објави дека 3.100 ученици беа фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик, односно тоа го утврдиле оценувачите во текот на процесот на оценување.

„Тие 3.100 ученици користеле плагијати од различни веб-страници, утврдени се преписи на есеите. Препишаните есеи им се бодувани со нула поени. Но, тестот не е составен само од есеј, имаа и прашања на заокружување и прашања со дополнување кои исто така се оценуваат. Оние кои не положиле, имаат право да полагаат повторно во август“, изјави тогашната директорка на ДИЦ Благица Павловска.

Државната матура останува услов за упис на факултет. Со положена државна стручна матура, учениците ќе може да се запишат на сродни стручни факултети, а со државна уметничка матура учениците ќе можат да продолжат исто така во сродни стручни студии пренесува мета.

Continue Reading

Претходно: РКЕ најавува промени: Можно проширување на евтината тарифа и во сабота
Следно: Ѓорческа против Бронцети за влез на главниот турнир на Вимблдон

Поврзани вести

czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20
IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

Шеталиште 16/07/2026 08:35
Svekji-Crkva-2_1000x666-1
  • Македонија

Денеска го празнуваме Светиот маченик Јакинт

Шеталиште 16/07/2026 07:56
Дознај повеќе! 300 h 600
300х250 (1)
ChatGPT Image Jun 3, 2026, 09_38_25 AM
-_
шеталиште 360 х 300
300 X 250 px)

Тренд Вести

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет IMG_5270 1
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

16/07/2026 16:12
„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски! Screenshot 2026-07-16 164959 2
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

16/07/2026 14:52
Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион czarina-696x696 3
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

16/07/2026 11:20
250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила SUP-board 4
  • Балкан

250 ЕВРА КАЗНА ЗА ПЛОВЕЊЕ СО СУП-ДАСКА ВО ГРЦИЈА ако не ги почитувате овие правила

16/07/2026 11:19
Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари IMG-14855a3093734f2f8b714aebd8481e86-V-585x269 5
  • Македонија

Над 250 доброволни пожарникари летово ќе гаснат пожари

16/07/2026 08:35

Можеби сте пропуштиле

IMG_5271
  • Култура
  • Настани

„Скопје Виа“ на 17.јули во Битола

Шеталиште 16/07/2026 16:58
IMG_5270
  • Вести
  • Битола инфо

Михајловски: Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек и со посебен квалитет

Шеталиште 16/07/2026 16:12
Screenshot 2026-07-16 164959
  • Вести
  • Битола инфо
  • Кошарка
  • Спорт

„Локомотивата“ во КК Пелистер ќе ја движат Спасев, Давков и Созовски!

Димитар Петковски 16/07/2026 14:52
czarina-696x696
  • Македонија

Обид за шверц на 2.000 ампули со медицинскиот раствор „гадонанс“ скриени во камион

Шеталиште 16/07/2026 11:20

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани