Во тек се градежни активности за реконструкцијата на просторот околу плоштадот кај Стариот чинар во Охрид
Како што посочуваат од Општина Охрид, во оваа фаза од зафатите предвидено е ново партерно уредување со гранитни плочки, поставување модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување на просторот.
Вредноста на проектот е 45 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Фото: Општина Охрид
Извор: МИА

