Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Технологија

Рекордна употреба на националниот портал за електронски услуги: Поднесени над 27 илјади барања во септември

Шеталиште 01/10/2026 07:47
uslugi-gov-mk

Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk забележа рекордна употреба во септември, кога граѓаните и компаниите поднеле 27.345 барања за електронски услуги, што е највисок месечен резултат досега, соопшти Министерството за дигитална трансформација, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

– Со новиот рекорд, вкупниот број барања поднесени преку порталот надмина 400.000 и достигна 405.881 електронски барање – се вели во соопштението.

Од Министерството посочуваат дека растот на користењето на платформата се должи на зголемувањето на бројот на достапни електронски услуги, поедноставувањето на постапките и сè поголемото вклучување на институциите кои ги дигитализираат своите услуги.

Како особено значајна се издвојува соработката со Државниот завод за статистика, со кој во изминатиот период биле дигитализирани повеќе услуги, вклучително и оние наменети за студентите и академската заедница.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски оцени дека резултатите покажуваат дека граѓаните сè повеќе ги користат електронските услуги кога тие се достапни и едноставни за користење.

– Бројката од 27.345 барања за само еден месец е најдобриот резултат од постоењето на порталот. Уште поважно е што ја надминавме бројката од 400.000 барања. Ова покажува дека кога услугата е едноставна, достапна и целосно електронска, граѓаните ја користат – изјави Андоновски.

Тој додаде дека целта е во иднина што повеќе административни постапки да можат да се завршат онлајн, без посета на шалтери и без потреба граѓаните да доставуваат документи од една институција во друга.

Министерството најавува дека продолжува со дигитализација на нови услуги, нивно поврзување преку Платформата за интероперабилност и подобрување на корисничкото искуство на Националниот портал.

Според институцијата, фокусот останува на услугите кои граѓаните и компаниите најчесто ги користат, а чија дигитализација може да донесе заштеда на време и намалување на административните трошоци.

Continue Reading

Претходно: Есенска чорба
Следно: Обвинение против петмина лекари од Битола за смртта на 40-годишна пациентка

Поврзани вести

viber-pexels-darina-belonogova-8373959
  • Технологија

Нова услуга од Viber: Бесплатно испраќање и примање пари преку апликацијата

Шеталиште 17/09/2026 10:51
robot-sah
  • Живот
  • Технологија

Руски научници конструираа робот шахист со вештачка интелигенција

Шеталиште 23/04/2026 13:46
astronauti
  • Живот
  • Технологија

Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

Шеталиште 06/04/2026 14:38
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода 24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056 1
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

12/10/2026 10:26
“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео) Screenshot_20261012_065715_Facebook 2
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

12/10/2026 05:15
МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув Screenshot_20261011_110530_Facebook 3
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

11/10/2026 09:13
Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 4
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 5
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32

Можеби сте пропуштиле

24_hristijan-maleski_fk-struga-1536x1056
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

Малески: Струга оди во Куманово по нови три бода

Димитар Петковски 12/10/2026 10:26
Screenshot_20261012_065715_Facebook
  • Вести
  • Балкан
  • Забава
  • Спорт
  • Фудбал

“Несторгол” клучен во победата над Ријека, потоа танцуваше во соблекувалната на Славен Белупо (Видео)

Димитар Петковски 12/10/2026 05:15
Screenshot_20261011_110530_Facebook
  • Вести
  • Кошарка
  • Македонија
  • Спорт

МЗТ славеше на гостувањето во Гевгелија (81:73) против Кожув

Димитар Петковски 11/10/2026 09:13
Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани