Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

РЕК Битола го одбележа 28 Август – Денот на рударите

Шеталиште 28/08/2026 11:00
IMG_6025

Во рамки на својата долгогодишна традиција, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август, Денот на рударите. Членови на Управниот одбор на АД ЕСМ и заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ ја истакнаа непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и испратија пораки за натамошно подобрување на условите за работа, поголема социјална сигурност и континуирано зголемување на стандардот на вработените.

„Кадрите од оваа, најтешка професија на светот, не се создаваат само со зборови – тие се создаваат со труд и посветеност“, подвлече Директорот за производство на АД ЕСМ, Зоран Коњановски, во своето обраќање до рударите во РЕК Битола.

„Веќе ги гледаме  позитивните сигнали во процесот на консолидација на АД ЕСМ. Новиот Колективен договор е потврда за нашата заложба за поголема социјална сигурност и подобри услови за вработените, преку директно покачување на платите уште од овој месец, како и скалест раст на примањата кој ќе надмине 10% во наредните 20 месеци. Исто така, веќе од августовската плата обезбедивме и поголемо вреднување на минатиот труд, што дополнително ќе влијае на порастот на платите. Сметам дека ова треба да го искористиме како мотив повеќе да продолжиме уште посилно, сложно и одлучно кон подобра иднина за компанијата, но и заеднички да отвориме можност за дополнително зголемување на платите и инвестициите во периодот што доаѓа“, рече Коњановски.

Заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослв Лабудовиќ, во своето обраќање ја истакна неопходноста од инвестиции во рударскиот сектор. „Рударството не е само традиција и пот – тоа е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем. Оваа гранка учествува со речиси 11% во нашето индустриско производство, а над 10.000 семејства во Македонија го вадат својот леб директно од рударскиот сектор.

Затоа, ако сакаме економски силна и енергетски независна држава, мораме да инвестираме во рудниците. Ни требаат високотехнолошки развиени копови, современа и механизирана опрема, побезбедни услови за работа и најстрога контрола за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето“, подвлече Лабудовиќ.

Директорот на РЕК Битола, Иван Куковски, ја истакна  клучната улога на рударите во производствениот процес.

„Сериозниот пристап мора да ни биде примат – одговорноста на секој од нас е на прво место. Потребно е заеднички да креираме континуирано подобрување на условите за работа, но и посветено да се стремиме кон обезбедување на стабилна енергетска иднина, која најмногу зависи токму од нашите рудари“, истакна Куковски. 

Според директорот на ПЕ Рудници, Златко Шиниковски, главен приоритет во наредниот период останува навремената техничко-технолошка подготвеност на механизацијата и системите за транспорт на јаглен, како и ископот на јаловина и јаглен во целосна согласност со рударските проекти.

На 13 работници им беа доделени благодарници за особен придонес  за изминатата година.

Continue Reading

Претходно: МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
Следно: 139 деца на педијатрија за 48 часа – 12 хоспитализирани, лекарите апелираат на претпазливост

Поврзани вести

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
300 X 300
стојне николова
За портал шеталиште
-_
шеталиште 360 х 300

Тренд Вести

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026 0bc1588753bbaac18768165e48566a9e 1
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

11/09/2026 15:11
Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија bgmk010-1024x683 2
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

11/09/2026 14:19
ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана 282937560000000 3
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

11/09/2026 14:12
Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“ img_8947 4
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

11/09/2026 11:31
Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи policiska-akcija 5
  • Македонија

Голема акција на МВР, претреси на дваесетина локации поради сомнителни возачки дозволи

11/09/2026 11:10

Можеби сте пропуштиле

0bc1588753bbaac18768165e48566a9e
  • Вести
  • Битола инфо

Времен режим на сообраќај во Битола за ТРЧАЈ БЕ 2026

Шеталиште 11/09/2026 15:11
bgmk010-1024x683
  • Балкан
  • Вести
  • Останати
  • Спорт

Европското првенство 2026: Македонија против Украина за прв пат во Софија

Димитар Петковски 11/09/2026 14:19
282937560000000
  • Вести
  • Останати
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Гостивар и Енес Уста го загубија спорот пред CAS во Лозана

Димитар Петковски 11/09/2026 14:12
img_8947
  • Битола инфо

Мед и пчелни производи на „Магнолија“: Битола по третпат го организира „Запознај го локалниот пчелар“

Шеталиште 11/09/2026 11:31

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани