Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

930 x 90
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо
  • Македонија

РЕК Битола го одбележа 28 август – Денот на рударите

Шеталиште 28/08/2025 10:22
CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 90

Во рамки на својата долгогодишна традиција, Подружница РЕК Битола денеска свечено го одбележа 28 август, Денот на рударите. Настанот беше обележан со присуство на високи државни функционери, локални претставници и вработени, кои заедно им оддадоа почит на рударите и на нивниот значаен придонес во енергетскиот сектор на земјата.

​На прославата присуствуваа претседателот на Владата,  Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и битолските пратеници Милевски и Ангелевска. Меѓу гостите беа и членови на управниот и надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалниците на Битола, Новаци и Могила, директори на јавни претпријатија, деловни соработници, научни работници и медиумски претставници.

​Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, се обрати пред присутните, истакнувајќи ја клучната улога на рударите. „Повеќе од четири децении, рударите го носите товарот на македонскиот енергетски систем и целосно се вложувате во обезбедувањето на стабилно производство на електрична енергија“, рече Узунчев. Тој додаде дека заеднички се работи на стабилизирање на процесите во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, истакнувајќи дека за тоа е потребен подолг период на консолидација. „Здраво и просперитетно ЕСМ, значи и стабилен домашен електроенергетски систем, и можност за континуиран раст на индустриското производство а со тоа и на БДП-то и економијата на државата. Сигурен сум дека заедно, успешно ќе ги пребродиме предизвиците во претстојната грејна сезона и ќе се реализира планот за производство“, заклучи Узунчев.

​Министерката Божиновска, која ја додели пофалницата на рударот со најистакнат ангажман, истакна дека државата нема да дозволи злоупотреби. „Нашата обврска е и контрола и инспекции. Државата нема да дозволи злоупотреби или непочитување на правилата. За компаниите кои работат одговорно и инвестираат во безбедноста на рударите и заштита на животната средина, поддршката е целосна. Но за оние што мислат дека можат да ја игнорираат законската регулатива, јасно кажувам: времето на компромиси заврши“, нагласи Божиновска. Таа потенцираше дека инспекциите се зајакнати и казните построги, со цел секој рудар да се враќа безбеден дома.

​На настанот беа доделени благодарници и пофалници на 25 рудари, меѓу кои тројца неодамна пензионирани. Признанија добија и пет пожарникари за нивниот придонес во справувањето со пожарите во Комбинатот и пошироко. Пофалени беа и пет работници од термоелектраните за нивниот придонес во остварувањето на производствениот план, кој оваа грејна сезона беше завршен со 11,6% повеќе произведена електрична енергија во однос на претходната. Посебна почит беше оддадена на осум семејства на загинати работници, на кои им беа врачени благодарници.

​Пофалниците ги доделија директорите на Подружница РЕК Битола, м-р Тони Петрушевски, на Термоелектрани, м-р Никола Кузмановски и на Рудници, Николче Талевски.

​По официјалниот дел, раководството на РЕК Битола, Управниот и Надзорниот одбор, заедно со другите присутни, го посетија манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци, во чест на заштитникот на рударите.

 

Continue Reading

Претходно: Битола со аплауз и солзи ја дочека промоцијата на монографијата за маестро Кире Костов
Следно: Димитриеска Кочоска: Сметам дека данокот за нов стан треба да остане на 5 проценти

Поврзани вести

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40
FB_IMG_1778329156202
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

Димитар Петковски 09/05/2026 12:26
vlt 300 x250
-_
шеталиште 360 х 300
300 x 300

Тренд Вести

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола FB_IMG_1778351840865 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

09/05/2026 18:32
Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена Aerodrom-skopje 2
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

09/05/2026 12:40
Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид! FB_IMG_1778329156202 3
  • Вести
  • Балкан
  • Ракомет
  • Регион
  • Спорт

Градоначалникот на Охрид го покани Веспрем да учествува на турнирот во Охрид!

09/05/2026 12:26
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски sv-vasilij 4
  • Македонија

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

09/05/2026 09:10
Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд dozd-soobrakaj_1000_625-1 5
  • Македонија

Влажен бран над Македонија – Еве каде наврна најмногу дожд

09/05/2026 09:04

Можеби сте пропуштиле

FB_IMG_1778351840865
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

ФК Пелистер и Шкупи денес го одиграа најефикасниот натпревар во 31. коло во Битола

Димитар Петковски 09/05/2026 18:32
Shetalishte-81
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:47
DSC_1038
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (09.05.2026)

Шеталиште 09/05/2026 14:18
Aerodrom-skopje
  • Македонија

Македонија нема проблем со керозин, резервите се доволни за 90 дена

Шеталиште 09/05/2026 12:40

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани