Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

РЕК Битола станува партнер во дуалното образование на средните стручни училишта

admin 14/02/2023 00:00
memorandum-sou-krste-petkov-misirkov-2-1068x664-2

РЕК Битола од следната учебна година ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ Крсте Петков Мисирков од Демир Хисар.

– Со Меморандумот за соработка што го потпишавме, од следната учебна година, учениците кои ќе се запишат на електротехничката струка, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, ќе изведуваат практична настава во РЕК Битола, под менторство на сертифицирано лице од комбинатот. За разлика од практичната настава која со години ја изведуваат во комбинатот средни стручни училишта од Битола и регионот, во дуалната паралелка сертифицираното лице од РЕК Битола заедно со професорите ќе биде постојано со учениците за време на практичната настава и континуирано ќе го следи нивното напредување, како и безбедноста на работното место, а воедно ќе учествува и во формирањето на оценката на ученикот – вели директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

Продлабочувањето на соработката меѓу РЕК Битола и СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во електротехничката струка кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршувањето на средното образование.

– Со изведувањето на практичната настава во РЕК Битола, учениците ќе стекнат подобри знаења и вештини, со кои што ќе ја зголемат својата стручност и самодоверба, а истовремено ќе се запознаат и со организацијата на работа, начинот на функционирање на производствениот процес, редот и дисциплината, редовност итн – рече директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков, Маја Лозановска.

Со формирањето на дуалната паралелка, РЕК Битола ќе стане верификувана компанија во доменот на дуалното образование, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.

Continue Reading

Претходно: Морето кај Истанбул нагло се повлече за 25 метри
Следно: Канелони со шампињони и пармезан

Поврзани вести

сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03
20261014163242_big_730x400_69
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

Шеталиште 15/10/2026 06:02
20261014155901_big_730x400_49
  • Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап на тема: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“

Шеталиште 15/10/2026 06:01
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција evra-pari-evra 1
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

15/10/2026 09:20
Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун serafimovski-2 2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

15/10/2026 09:19
Паднаа акциите на Волстрит nasdaq-berza 3
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

15/10/2026 06:24
Температури до 20 степени, но со засилен ветер сончево-есен 4
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

15/10/2026 06:03
Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ 20261014163242_big_730x400_69 5
  • Македонија

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“

15/10/2026 06:02

Можеби сте пропуштиле

evra-pari-evra
  • Економија

ЕВРОТО ПАДНА НА НАЈНИСКО НИВО од мај поради фискалните превирања во Франција

Шеталиште 15/10/2026 09:20
serafimovski-2
  • Прилеп инфо

Министерот Серафимовски на средба со производителите и откупувачите на тутун

Шеталиште 15/10/2026 09:19
nasdaq-berza
  • Економија

Паднаа акциите на Волстрит

Шеталиште 15/10/2026 06:24
сончево-есен
  • Македонија

Температури до 20 степени, но со засилен ветер

Шеталиште 15/10/2026 06:03

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани