Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Речиси 20 милиони евра за ПЦР тестови на приватно потрошиле граѓаните – утврдил ревизорот

admin 10/02/2023 00:00
covid-19-4982910_640-1

За три години македонските граѓани потрошиле речиси 20 милиони евра за да направат ПЦР тестови за во време на пандемијата, утврдил државниот завод за ревизија при „чешлањето “ на сметките на Фондот за здравство. Ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитост на финансиските извештаи на Фондот за 2021 година.

Клучните системски слабости се не ажурирана Листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, како неодржливост на 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи поради реализирани помалку услуги за договорените пари. Тоа значи дека само 10 болници во земјава биле финансиски одржливи.

Во декемрви 2021 година најзадолжена била клиниката за онкологија со доспеан долг од 6,4 милиони евра, веднаш по неа е градската болница „8-ми септември“ со долг од 4,3 милиони евра која за време на пандемијата беше претворена во ковид центар и примаше само пациенти заразени со коронавирус, додека другите оддели не примаа пациенти. Но и пред пандемијата, односно во 2019 година оваа болница го „држеше“ второто место со вкупен доспеан долг од 4,7 милиони евра. На трето места на ранг листата на задолжени болници во 2021 е Институтот за трансфузиона медицина со минус од 4,3 милиони евра.

Ревизорот забележал дека ФЗО нема воспоставен квалитетен систем на контрола за проверка на фактурираните услуги, како и врз реализацијата на условениот надоместок кој што им се плаќа на болниците. Во извештајот се утврдени и слабости во контролата при препишување и издавање на лекови, и исплата на боледување за 2021 година.

Клучните препораки на ревизорот за ФЗО се дека е потребно да се воспостави систем на планирање, следење и контрола на извршените здравствени услуги и издадени рецепти, како и контрола кај условениот надоместок за болниците и клиниките.

Извор:РСЕ

Continue Reading

Претходно: АУРА – Место каде се раѓа убавината како чувство на комплетно задоволство
Следно: Четворица прилепчани узурпирале плажа и си направиле камп – полицијата ги пријави

Поврзани вести

dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42
dozd-1
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

Шеталиште 17/02/2026 07:13
pat_sneg_1000x666-1
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

Шеталиште 17/02/2026 07:09
гејминг 300 x 250 (1)
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка dozd-avtomobil-pat 1
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

17/02/2026 08:42
Прекин на водоснабдување во делови од Битола Untitled-design-43-1 2
  • Битола инфо

Прекин на водоснабдување во делови од Битола

17/02/2026 08:40
И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето dozd-1 3
  • Македонија

И денеска обилни врнежи, на повисоките места снег – Еве кога се очекува стабилизација на времето

17/02/2026 07:13
Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила pat_sneg_1000x666-1 4
  • Македонија

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила

17/02/2026 07:09
„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата bezbeden-grad-kameri-750x375 5
  • Вести
  • Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

16/02/2026 15:22

Можеби сте пропуштиле

horoskop-opsta-4
  • Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2026)

Шеталиште 17/02/2026 08:58
donkey-santorini-pxhere-696x385
  • Патувањa

Санторини има нови правила за туристите – превозот со магариња не е достапен за сите

Шеталиште 17/02/2026 08:53
20260217090228_big_730x400_12
  • Здравје

„Ги запознаваме ретките болести“: Хронична грануломатозна болест

Шеталиште 17/02/2026 08:51
dozd-avtomobil-pat
  • Македонија

Патиштата проодни, се укинуват забраните за камиони на Стража и на кракот Маврово – Дебар, како и забраната за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Шеталиште 17/02/2026 08:42

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани