Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Битола инфо

Ризиците и предизвиците со кои се соочува ЈП „Пазари“ – Битола

Шеталиште 26/12/2025 14:58
pazari-bitola

Јавното претпријатие „Пазари“ – Битола како своја основна цел ја има стабилизацијата на финансиската состојба преку максимална искористеност на пазарните капацитети и деловниот простор со кој располага, со што би се обезбедиле постојани и стабилни извори на финансирање и тековна ликвидност на претпријатието, истакна директорот Драги Џаревски.

Основната дејност на ЈП „Пазари“ се реализира преку наплата на приходи од продажба на услуги на домашниот пазар и наплата на наемнини. Според Џаревски, анализата на расходната и приходната страна укажува на сериозни предизвици во работењето.

„Најголем дел од расходите, дури 83 отсто, се однесуваат на платите и другите издатоци за вработените, што е резултат на неколкукратното зголемување на минималната плата во државата, зголемените режиски трошоци и цените на материјалите за работа. Од друга страна, приходите бележат континуиран пад од околу 3 до 4 отсто годишно, поради намалениот број договори за изнајмување пазаришен простор, нелојалната конкуренција, отворањето на пилјари и големи маркети, како и застарениот ценовник кој датира од пред повеќе од 20 години“, објаснува Џаревски.

Тој нагласува дека континуираното зголемување на минималната плата дополнително го продлабочува дисбалансот меѓу приходите и расходите на претпријатието, што наметнува потреба од носење нов ценовник на услугите, усогласен со денешните економски услови.

Како еден од најзначајните финансиски ризици, директорот ја посочува појавата на нелојална конкуренција, односно нелегалната продажба на земјоделски производи на јавни површини каде што тоа не е дозволено, што директно влијае врз намалување на бројот на склучени договори и нанесува финансиска штета на ЈП „Пазари“.

Дополнителен предизвик претставува и сезонскиот карактер на земјоделските производи, при што финансиските резултати директно зависат од временските услови, понудата и цените на производите, куповната моќ на населението и квалитетот на изложената стока.

„Колку е поголема понудата на земјоделски производи на пазарот, толку се поголеми и можностите за подобар финансиски ефект. Наш најголем предизвик е санирање на финансиската состојба, за што ќе ни биде неопходна и поддршка од општинската администрација. Корекцијата на цените е една од опциите за стабилизирање на работењето, бидејќи актуелниот ценовник не одговара на денешната реалност“, истакнува Џаревски.

Во наредниот период, во рамки на финансиските можности, ЈП „Пазари“ ќе се стреми кон подобрување на условите за работа и продажба на Градскиот пазар, преку уредување на пристапната улица, реконструкција на санитарните јазли, санација на управната зграда и поставување на настрешници на тезгите и павилјоните.

За реализација на дел од овие активности, како што посочува директорот, неопходна е поддршка од Општина Битола и Советот на Општина Битола, како и целосно спроведување на законските решенија според кои пазарите се единствено организирано место за продажба на земјоделски производи и трговска стока.

„Само со почитување на законските решенија, зголемен број договори и стабилни приходи може да се подобри финансиската состојба и еколошката слика на градот. Во спротивно, ризиците ќе продолжат да се продлабочуваат“, нагласува Џаревски.

Continue Reading

Претходно: Ученици од „Кочо Рацин“ во посета на Општина Битола
Следно: Кугланата во Битола ќе биде лиценцирана и за меѓународни натпревари

Поврзани вести

06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32
20261009093754_big_730x400_97
  • Битола инфо

Битолската акумулација „Стрежево“ порибена со 250 килограми крап

Шеталиште 09/10/2026 07:52
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите 06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163 1
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

10/10/2026 09:36
„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш 06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004 2
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

10/10/2026 09:32
Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани prilep-programa 3
  • Прилеп инфо

Импровизиран напад на градот и краток филм како потсетување на историските настани

09/10/2026 14:57
БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога image (12) 4
  • Македонија

БЕСПЛАТНО – ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА на вашиот мобилен телефон, еве од кога

09/10/2026 08:51
Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени 20261009093329_big_730x400_98 5
  • Македонија

Еден компјутерски томограф на Радиологија во функција, пациентите ќе се закажуваат во две смени

09/10/2026 07:56

Можеби сте пропуштиле

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)
  • Саботно кафе

Саботно кафе во Прилеп (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 16:23
Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)
  • Забава
  • Саботно корзо

Саботно „корзо“ на битолчани (10.10.2026)

Шеталиште 10/10/2026 15:59
06_djekov-gjorge_fk-sileks-1536x1163
  • Вести
  • Спорт
  • Фудбал

Џеков: Време е Силекс да се врати на победите

Димитар Петковски 10/10/2026 09:36
06_varelovski-aleksandar_fk-tikves-1536x1004
  • Вести
  • Македонија
  • Спорт
  • Фудбал

„Во Кавадарци против секого одиме на три бода“, најавуваат од Тиквеш

Димитар Петковски 10/10/2026 09:32

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани