Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Шеталиште 25/12/2025 07:35
Kiro-Stojanov

Верниците на Римокатоличката црква и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.

Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати божикна честитка до верниците од католичка вероисповед.

– И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Иван 1,14). Божјото Слово доаѓа меѓу нас во облик на човек, како дете родено од жена. „Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји“ (Иван 1,11-12).

Синот Божји лежи во јасли, неразделно вистински Бог и вистински човек во единство на Неговата божествена Личност. Ова е нашата вера. Без оваа вера, Божик не би бил ништо повеќе од она што потрошувачкиот менталитет сака да ни го подметне, сезонски празник, како што некои сакаат да ни го наметнат својот израз на неверие.

Зошто Синот Божји доаѓа кај нас да живее меѓу нас како сиромашно и беспомошно дете? Тој доаѓа кај нас со празни раце, но ни се дава Себеси, највисокото и најважното нешто што можел да ни го даде. Во него е вклучено сè што ни треба. Бидејќи во него Бог живее во сета своја полнота. Кога го примаме, имаме сè што ни треба и го имаме во изобилство. Зашто тој е светлината што ја растерува темнината во светот. Тој е нашиот мир. Тој е вистината што нè ослободува. Тој е лебот на животот. Кој јаде од овој леб, кој во својот живот го прима Христос, вечното Слово на Отецот, тој прима живот. Тој самиот ќе каже за себе, кога ќе порасне и ќе го даде својот живот како откуп за мнозина, дека тој е воскресението и животот. Едноставно кажано, тој е повеќе од целата среќа на светот. Зашто тој е Љубов, која сама нè прави благословени и ни дава живот. Сè што копнееме ни е дадено во ова дете. На сите им посакувам среќен Божик и благословена Нова година! Христос се роди!, се наведува во честитката од Стојанов.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Фото: МИА

Continue Reading

Претходно: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Следно: Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крајот на декември до средината на јануари и крајот на февруари

Поврзани вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
300 х 250 за портали
777 300 x 250
Untitled_design_1
Cabaret-Gold
Untitled design (2)
Travel_End_of_Year_Recap_TikTok_Video_in_Doodle_in_Layout_Style_300_x_300_px_3

Тренд Вести

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона 1
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

16/01/2026 16:24
Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1 2
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

16/01/2026 14:26
Од март нова авиолинија Охрид – Братислава avion-2 3
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

16/01/2026 14:00
Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали IMG_6138 4
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

16/01/2026 12:56
Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа img_6127-750x375 5
  • Прилеп инфо

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

16/01/2026 12:52

Можеби сте пропуштиле

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона
  • Вести
  • Битола инфо

Ски-центарот „Стрежево“ со голема посетеност и без активна ски-сезона

Шеталиште 16/01/2026 16:24
stetoskop-doktor-lekaryj56u56u56u56-1
  • Македонија

Активиран модул на веб-страницата на МЗ за изразување интерес за соработка на лекари кои работат или специјализираат во странство

Шеталиште 16/01/2026 14:26
avion-2
  • Македонија

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

Шеталиште 16/01/2026 14:00
IMG_6138
  • Битола инфо

Општина Битола инвестира 4,7 милиони евра – Реконструкција и нови спортски сали

Шеталиште 16/01/2026 12:56

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани