Skip to content
Шеталиште

Шеталиште

Се гледаме

setaliste-970x90-1
WEBIART-BANER
Primary Menu
  • Дома
  • Вести
    • Битола инфо
    • Македонија
    • Балкан
    • Прилеп инфо
    • Економија
    • Свет
  • Култура
    • Кино
    • Настани
    • Филм
    • Театар
  • Спорт
    • Ракомет
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Останати
  • Теми
    • Астрологија
    • Забава
    • Занимливости
    • Автомобили
    • Шоубиз
    • Технологија
    • Здравје
    • Патувањa
    • Психологија
    • Шоубиз
  • Интервју
  • Колумни
  • Саботно корзо
  • Саботно кафе
  • Локални избори 2025
  • Промо
  • Вести
  • Македонија

Ристески: Владата на ВМРО-ДПМНЕ напорно работи, а тоа го покажуваат делата, платите, пензиите се покачени

Шеталиште 27/06/2025 11:30
Petar Risteski

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој на самиот почеток ги потенцираше сите реализирани проекти на Владата за само една година. Ристески истакна дека во фокусот на оваа Влада е економијата а тоа го докажуваат и делата односно покачувањето на платите, пензиите и историското ниво на странски директни инвестиции.

„Економијата е во центарот на нашиот фокус во овие 12 месеци, бидејќи донесовме повисоки плати, повисоки пензии за 338 илјади пензионери линеарно ги зголемивме пензиите за 5 илјади денари, пензионерите во тој период кога ние бевме во опозиција бараа 3500 денари линеарно зголемување на пензиите а добија 5 илјади денари зголемени пензии. Имаме историско највисоко ниво на странските директни инвестиции, имаме оперативен план за вработување на млади лица од 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени 16.000 лица, имаме рекордно ниска невработеност во државата под 12% и 15.500 нови работни места“, објасни Ристески.

Ристески посочи дека бруто домашниот производ е зголемен за 3% а тоа се  гледа со тоа што Македонија претставува четврти економски раст во Европа, и го истакна зголемувањето на платите во здравството, образованието и администрацијата.

„Еден од највисоките проценти на раст на БДП во Европа, Македонија во последните два квартали од минатата година и првиот квартал од оваа година има раст од преку 3% што е четврти најдобар економски раст после Ирска, Данка и Полска.  Платите се зголемени во образованието, здравството, администрацијата, полицијата за преку 10%, во образованието со колективниот договор за цел мандат ќе бидат зголемени за 60%, во здравството за 50% исто и во културата за 8%“, објасни Ристески.

Пратеникот исто така рече дека претходната влада го оставила буџетот со само 47 милиони евра а обвинувањата од страна на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ ги нарушува меѓуетничките односи ги нарече недостаток на аргументи кои ги доведуваат во состојба сами да се дозакопат.

„Лани кога ја презедовме власта во касата беа затечени 47 милиони евра, касата беше на нула оставена, 70% од буџетот на државата беше потрошен до изборите лани. Не ги нарушуваме меѓуетничките односи, работиме на подобрување на целокупната атмосфера во државата, ДУИ во неможност на немање на други аргументи сега влегуваат на еден терен кадешто самите се дозакопуваат“, дециден е Ристески.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:  ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Претходно: Димитриеска-Кочоска: Финансирањето е стабилно, повратот на ДДВ е редовен, а јавните пари се пари на граѓанитe
Следно: Илиевски: По 365 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и заглавена

Поврзани вести

+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

Шеталиште 07/10/2026 11:06
нови 10 лојалти продукти
банер
-_
За портал шеталиште

Тренд Вести

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност 75775 1
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

08/10/2026 06:46
Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население + 2
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

08/10/2026 06:44
Сончево и релативно топло со мала локална облачност esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794 3
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

08/10/2026 06:43
Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп policisko-svetlo 4
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

07/10/2026 11:47
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година Aerodrom-Aleksandar-veliki-TAV-28-vt-1 5
  • Македонија

ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година

07/10/2026 11:06

Можеби сте пропуштиле

75775
  • Економија

Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност

Шеталиште 08/10/2026 06:46
+
  • Македонија

Македонија над европскиот просек според процентот на работоспособно население

Шеталиште 08/10/2026 06:44
esen-skop-e-sonce-10-1536x1191-1-1024x794
  • Македонија

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

Шеталиште 08/10/2026 06:43
policisko-svetlo
  • Прилеп инфо

Шест телефони и компјутер одземени при претресот на вишиот обвинител од Прилеп

Шеталиште 07/10/2026 11:47

Disklejmer

За нас
Контакт
Импресум
Услови за користење
Ценовник за рекламирање
Ценовник за платено политичко рекламирање 2025

2025 © Сите права се задржани